Бел точак во спомен на Билаљ Љамалари

28.07.2021 17:01
Бел точак во спомен на Билаљ Љамалари

НаТочак вечерва, 28.07.2021, во периодот меѓу 21:10 и 21:30 ќе постави бел точак (ghost bike) на локацијата каде Билаљ Љамалари го изгуби својот живот по сообраќајниот судир во кој тој возејќи точак беше удрен на пешачки од 20 годишно момче кое возело автмобил над пропишаната брзина.

Во негова чест ќе биде поставен бел точак за потсетување на институциите кои можеле да го превенираат овој судир, но и за спомен на Билаљ.

До сега НаТочак има поставено повеќе бели точаци за загинати велосипедисти во сообраќајот. Еве слики од дел од нив:

На Илинденска за 13 годишниот Давид Анѓеловски во 2015. На патот за Драчево за Ненад Пешевски во 2017 година. 

На локацијата каде Билаљ беше прегазен ќе се поставуви спомен бел точак.

Локацијата е во Скопје на пешачкиот премин на бул. Кочо Рацин, спроти Црвен Крст во периодот меѓу 21,10 и 21, 30 часот.

„Таму ќе се приклучиме со група од веројатно неколку стотини велосипедисти возејќи на Ноќна Критична Маса #87: Бараме мерки за ноќните ѕверки!“, велат од иницијативата.

 

ОкоБоли главаВицФото