Промоција на стрипот „Џукела и Пацоф“ од Матеј Богдановски

15.10.2021 13:06
Промоција на стрипот „Џукела и Пацоф“ од Матеј Богдановски

Во сабота (16 октомври), со почеток во 13 часот, во кафе - книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоцијата на најновиот стрип на визуелниот уметник Матеј Богдановски, насловен „Џукела и Пацоф“.

За стрипот ќе зборуваат Румена Бужаровска и Мирко Попов, а авторот Богдановски ќе се вклучи онлајн.

Матеј Богдановски минатата година беше актуелен со стрипот „Улица“, работен по истоимената повест на Славко Јаневски и издаден по повод стогодишнината од неговото раѓање.