„Заробениот ветер“ - нова претстава на театарот „Сенки и облаци“

15.10.2021 14:39
„Заробениот ветер“ - нова претстава на театарот „Сенки и облаци“

Оваа сабота, 16 октомври 2021 година во 19:00 часот ќе се одржи премиерата на новата претстава на театар СЕНКИ И ОБЛАЦИ насловена "Заробениот ветер". Во нов театарски формат - кутија и интимна атмосфера од само 4-ца во публиката, ова 7-минутно доживување ја разгледува темата на загадувањето на природата низ призмата на една птица.

Претставата е плод на истражувачкиот процес со ARTPOLIS од Косово, а во рамките на проектот CULTURE BOX, кој e дел од иницијативата READ (Regional Network for Cultural Diversity) во локална имплементација на GOETHE-INSTITUTE SKOPJE и LOJA.

Премиерата ќе се одвива во независниот уметнички простор на театар СЕНКИ И ОБЛАЦИ во Дебар маало, каде претставата ќе биде неколкукратно изведена, а во согласност со пропишаните протоколи за настани од јавен карактер. „Заробениот ветер" е наменета за сите мали и големи деца кои се љубопитни да ѕирнат во кутијата со сенки, а влезот е бесплатен. За дополнителни информации обратете се на Фејсбук настанот.

Веќе во вторник, 19 октомври "Заробениот ветер" ќе го има своето гостување во основното училиште "Xhemail Mustafa" во Приштина, по што претстојат изведби на матичната сцена во Скопје но и други културни манифестации ширум државата

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото