Шведска е предводник во ЕУ по родова еднаквост

29.10.2021 11:32
Шведска е предводник во ЕУ по родова еднаквост

Кога станува збор за родовата еднаквост во ЕУ, изминатата година е постигнат само минимален напредок поради пандемијата на коронавирусот, а индексот на родова еднаквост на Унијата е 68 од 100 поени, објави Европскиот институт за родова еднаквост (ЕИГЕ).

Постигнат е само „микроскопски“ раст од 0.6 поени во индексот за 2021 година, во однос на претходната година.

„Европа оствари кревки придобивки во родовата еднаквост. Сепак, имаше големи загуби како резултат на пандемијата со Ковид-19. Наодите од индексот можат да им помогнат на европските лидери да се соочат со различните ефекти на пандемијата врз жените и мажите и да ги ублажат нееднаквите краткорочни и долгорочни влијанија“, рече директорката на ЕИГЕ Карлина Шила.

Според индексот, најдобри перформанси повторно имаат Шведска и Данска, а по нив е Холандија. Во споредба со 2020 година, позицијата најмногу ја подобриле Луксембург, Литванија и Холандија, додека Словенија е единствената земја на ЕУ што забележала назадување.

Гледајќи го резултатот, разликите се големи и се движат од 52.6 поени за Грција, која е при дното, до 83.9 поени за Шведска.

Илустрација:  Kateryna Oliynyk

 Извор: rs.n1info.com

ОкоБоли главаВицФото