За морално засмрдената паланка

03.11.2021 18:13

Треба да се дојде тука, пред некои од такаименуваните „избори“, за да се погледнат партиските дувла од неморал, митинзите соѕидани од празно блебетење и демагогија, да се видат прелажаните граѓани и глупавите малограѓани како бираат власт... Дури тогаш можеби некој ќе може да разбере зошто и како се случува саморуинирањето на еден град.

Треба да се дојде во оваа нашата зафрлена и заборавена паланка која, сè уште, се наоѓа некаде меѓу градот и селото и меѓу минатото и иднината, за да се почувствуваат нејзиниот конзервативизам, фолкоризам, снобизам, суеверна средновековна религиозност, митологизам, инфантализам, завидливост, пизма за ближниот и соседот...

Само така денес може да се сфати како, многу често, станува бесмислен и безуспешен секој обид да се урне тукашниот парохијален поредокот заснован на ситносопственичкиот дух на мнозинството малограѓани населени во морално засмрдената паланка. За да исчезне таа идеологија, за да го снема тој воспоставен „ред на нештата“, истиот мора докрај да ја исцрпи сета своја историска енергија. Во тоа исчезнување и уништување на ретроградниот ситносопственички дух, најповеќе, треба да помогне ангажманот на припадниците на вистинската градска интелигенција. Секако, доколку такви, сè уште, има останато во нашиот нискообразован град.

Александар Литовски, Окно, 19.10.21.

 

ОкоБоли главаВицФото