Октомври

11.10.2022 01:36
Октомври (Бевме робје еднаш, бевме црно робје)

Мурал на тема “Национално ослободителните борби на македонскиот народ” од Борко Лазески

Октомври 

Бевме робје еднаш, бевме црно робје,
тирани по земја ни газеа само.
Од маката своја соѕидавме гробје
во родната земја, под родниот камен.

Наша беше потта - плодовите туѓи.
О, кој веќе да трпи, кој да трае, пати?
Та нели сме ние како сите луѓе!
На душманот еднаш треба да се плати!

И дојде Октомври. Вкрвавена зора,
над Прилеп го плисна црвениот пламен.
Еден истрел... потем зовре сета гора...
Глеј, борци со пушки зад дрво и камен!

Бевме робје еднаш, бевме црно робје,
Но робот се крена, не трпи, не чека.
До кога во земјата ќе сееме гробје?
Една бојна песна како плавна река.

Октомври светол, ти си ни празник сакан,
Во крв се роди, израсна од дни црни,
Под твојот црвен изгрев, со топла рака
ти сите нас, о сите не згрна!

Видое Подгорец

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото