Апсењето на Ендру Тејт и улогата на кутијата за пица во тоа

04.01.2023 12:21
Апсењето на Ендру Тејт и улогата на кутијата за пица во тоа

Контроверзниот инфлуенсер Ендру Тејт, познат по своите изјави полни со потценување на жените, е уапсен во Романија поради сомневање за трговија со луѓе и силување.

Извор: DW на македонски

Британско-американскиот инфлуенсер Ендру Тејт е уапсен во Романија поради сомневање за силување и трговија со луѓе, потврди Специјалната единица на романското обвинителство за организиран криминал (ДИИЦОТ).

Уапсени се и братот на Тејт, како и двајца Романци. Претходно е спроведен претрес во пет објекти во Букурешт и околината. Четворицата осомничени, како што се вели, од почетокот на 2021 година се занимавале со трговија со луѓе во Романија, САД и Велика Британија, а принудувале и жени на проституција.

Досега шест жртви

Во соопштението на ДИИЦОТ се вели дека досега има шест жртви регрутирани со таканаречениот метод „loverboy". Тие биле намамени со ветувања за љубов и брак. Потоа, жените и девојчињата биле држени со насилство и заплашување во различни станови низ Букурешт, каде биле принудувани на секс и појавување во порно снимки, кои потоа биле дистрибуирани на социјалните мрежи. Една од жртвите, како што се вели, била и двапати силувана од еден од уапсените.

Тејт познат по мизогински изјави

Британскиот весник „Дејли мирор“ цитира портпарол на Тејт дека во моментов не може да се дадат детали околу извештаите за апсењето. „Сепак, Ендру и Тристан Тејт имаат најголема почит кон романските власти и ќе помогнат каде што можат“, вели портпаролот.

Ендру Тејт неодамна на Твитер имаше размена на удари со активистката за климата Грета Тунберг. Тејт, кој постојано го привлекува вниманието со мизогински изјави, се пофали со бројот на своите автомобили и на Тунберг ѝ напиша: „Те молам да ми ја твојата имејл адреса за да можам да ти испратам целосен список на мојата колекција на автомобили и огромните емисии (на издувни гасови, н.з.)“.

Предводничката на глобалното движење за заштита на климата Петоци за иднината реагираше на овој начин: „Да, те молам просветли ме, пиши ми на smalldickenergy@getalife.com.“ 

 

 

Од гледна точка на многу корисници на Твитер, ваквата објава на Тунберг ја погоди целта. Објавата во еден момент имаше 3,3 милиони „лајкови“, додека објавата на поранешниот кикбоксер имаше околу 200.000.

„Забавни шпекулации“ за кутијата за пица

Тејт потоа ја исмејуваше 19-годишната девојка во видео во кое тој пуши пура. На видеото може да се види и кутија за пица од Романија.

Со оглед на медиумските извештаи дека оваа кутија за пица дала индиции за тоа каде се наоѓа Тејт, портпаролката на јавното обвинителство на ДИИЦОТ изјави: „Ова се забавни шпекулации“. Според неа, не е точно дека кутијата имала улога во апсењето.

Во меѓувреме, Тунберг на Твитер напиша: „Тоа се случува кога не ги рециклирате кутиите за пица“.

ОкоБоли главаВицФото