Хуманитарен концерт за Сирија и Турција во во КСП Центар Јадро

10.03.2023 12:19
Хуманитарен концерт за Сирија и Турција во во КСП Центар Јадро

Во сабота (11.03.2023), со почеток од 12ч., во КСП Центар Јадро ќе се одржи хуманитарен концерт за погодените семејства од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија во кои загинаа повеќе од 50.000 луѓе.
КСП Центар-Јадро, како установа која е плод на колективна грижа и солидарност, чувствува обврска да даде поддршка на најпогодените од оваа природна катастрофа. На концертот ќе настапат:

• Хана Корнети-укулеле
• Музички проект: Фортуна Марија Каева - вокална солистка, музичарка и текстописец, Владан Дробицки - трамбонист, Дино Милосављевиќ - тапани
• Трио: Драган Теодосиев - тапани, Филип Букуршлиев - електрическа гитара, Јордан Костов - хармоника

На влезот на центарот ќе биде поставени кутиите за донации што ќе бидат поставени од Црвениот крст на Град Скопје за време на настанот во Центар-Јадро.

Сите се добредојдени да присуствуваат, да се солидаризираат и да ја поддржат оваа важна кауза.

 

ОкоБоли главаВицФото