Промоција на графичката книга „Верлосен, Арт-зборник“ од Симон Калајџиев

25.09.2023 08:39
Промоција на графичката книга „Верлосен, Арт-зборник“ од Симон Калајџиев

Вечерва во 19:00 часот во центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ ќе биде претставена графичката книга „Верлосен, Арт-зборник“ од Симон Калајџиев.

Промоцијата ќе биде во вид на разговор меѓу авторот Симон Калајџиев, приредувачката Зориа Петкоска и промоторката на изданието Дијана Томиќ Радевска. Книгата е во издание на издавачката куќа Флип Бук Букс од Скопје.

„Верлосен Арт – зборник“ е иновативно издание од областа на научната фантастика кое содржи 70 цртежи од серијата насловена „Аракнајтс Готика“ на Симон Калајџиев, како и 20 записи од 14 автори-приложувачи напишани како дополнување на цртежите.

На промоцијата ќе биде претставена и изложба на цртежи на Симон Калајџиев од сериите „Аракнајтс Готика“, „Олпест“ и „Аракнајт ракописи“. Во рамки на промоцијата настап ќе одржи харфистката Џулија Масети од Обединетото Кралство, која за првпат ќе го изведе својот нов сингл „Sonnet to the Monstrous“ од Верлосен. Исто така ќе читаат и дел од авторите и преведувачите вклучени во зборникот.

Симон Калајџиев е уметник и футурист кој живее и работи во Токио како професионален илустратор. 

ОкоБоли главаВицФото