Збир на генијалци во една куќа

25.09.2023 09:25
Збир на генијалци во една куќа

Пред околу 100 години е роден еден од најголемите психолози и истражувачи на генијалноста на креативноста, Френк Барон. Тој починал во 2002 година и зад себе оставил значајни истражувања. Резултатите од истражувањата што ги спровел во текот на педесетите и шеесетите години се темел за сите подоцнежни истражувања за генијалноста и креативноста.

Барон влегол во историјата бидејќи успеал на едно место, во една куќа во Калифорнија, да собере повеќе генијални креативци од областа на архитектурата, книжевноста, бизнисот, математиката, физиката и други науки. Тој успеал да ги собере на неколку дена и да ги тестира за да открие кои се нивните заеднички карактеристики. Меѓу другите, во куќата биле и авторите Труман Капоти, Карлос Вилијамс и Френк Оконор.

За креативниот гениј

Во еден од бележниците, во текот на истражувањето, Барон запишал:

„Креативните личности се истовремено многу примитивни и многу култивирани, многу деструктивни, луди, но имаат и повеќе здрав разум од просечниот човек”.

По обработката на податоците со своите колеги, тој заклучил и дека исклучително креативните учесници се покажале како невротичари, но имале и силно его кое им овозможувало својата патологија да ја насочат на работата. Истовремено, сите покажале тенденција да ризикуваат наместо да уживаат во удобноста.
Барон утврдил и дека креативниот напредок бара личност која може поднесува неред, личност која ја привлекуваат комплексни појави и има желба од хаос да направи ред.

Заеднички особини

Едно од најзначајните откритија на истражувањето на Барон е односот на интелигенцијата и креативното размислување. Тој заклучил дека интелигенцијата има мала улога во креативноста и дека висок коефициент на интелигенција не значи и висока креативност. Напротив, се покажало дека креативецот во себе носи цел сплет од интелектуални, емоционални, мотивациони, морални карактеристики.

Според него, заедничките карактеристики на сите креативци се:

- отвореност и интерес за внатрешниот, личен живот;
- неверојатно ниво на толеранција на неред и хаос;
- способност да се воведе ред и систематизација во тој неред;
- изразена независност;
- неконвенционалност;
- желба и волја да се преземаат ризици.

Креативноста и менталното здравје

Истражувањето донело интересни, но и збунувачки резултати поврзани со менталното здравје на креативните луѓе. Се покажало дека писателите се нашле во 15 отсто од луѓето што покажуваат некаков вид психопатологија. Меѓутоа, истовремено, некои креативни автори на тестирањата покажале исклучително високо ниво на добро психичко здравје.

Според Барон, единствената причина за ова е потребата за интроспекција. Самосвесноста и анализата на сопствената личност и постапки води кон соочување со нејзината потемна, понепријатна страна. Исто така, вклученоста во случувањата во околината и целиот животен спектар на креативците води кон запознавање со светлата и темната страна на реалноста. Таквото отворено соочување на личност со светот носи необичен спој на здраво и патолошко однесување.

Слика: Мартин О'Нил

Извор:https://bonitet.com/

ОкоБоли главаВицФото