Добар, лош, „радикално нечесен“

11.11.2020 02:11
Добар, лош, „радикално нечесен“

Во доба на тролови, ботови и дигитални измамници, зборот „подлец“ делува речиси како пофалба. Неопходен ни е многу попрецизен јазик, типологија за лажливци и измамници која ја заострува границата помеѓу оние кои само ќе заборават да кажат нешто и оние кои имаат подлабоки проблеми на личноста.

Можеби психологијата може да помогне. Во една нова студија, тим истражувачи од Шпанија направи груба шема на лажливци и измамници.

„Во овој труд се среќаваме со три различни профили на нечесност и мамење, а во рамки на секој профил постојат три типа“, наведува Давид Пасквал-Езама, водечки автор на студијата и бихејвиорален економист на Universidad Complutense de Madrid.

Психолозите ја проучувале нечесноста, на различни начини, уште од настанувањето на самата дисциплина. Утврдиле дека, како и повеќето општествено цензурирани дела, таа има развојни предности, но и очигледни ризици. Децата учат дека чувањето тајни некаде во шестата или седмата година, на пример, а стекнувањето вештини за измама е дел од типичниот развој на психолошкиот идентитет на една личност.

Во последните децении, психолозите насочени кон бизнисот почнаа да ја проучуваат нечесноста во трансакциони услови. Колку често луѓето лажат за едноставни нешта, како што е фрлањето паричка? Кои услови ја намалуваат веројатноста дека некој ќе каже лага?

Нина Мазар, професорка по маркетинг на Бостонскиот универзитет, во експериментите утврдила дека луѓето помалку ќе лажат доколку се принудени директно да ѝ противречат на изјавата која е вистинита, отколку кога им е дозволено нешто да измислат.

„Замислете празен образец за данок на кој ве прашуваат за приходите“, вели таа. „Веројатно ќе бидете помалку чесни за своите приходи во таа ситуација, отколку ако на тој образец се наоѓаат точни проценки кои треба да ги корегирате.“

Во новата студија, освен д-р Пасквал-Езаме, учествуваа Беатрис Гил-Гомес де Лијано од Автономниот универзитет во Мадрид и Дражен Прелец од Масачусетскиот институт за технологија. Таа ги почитува сите обичаи на економската традиција. Истражувачите повикале 180 возрасни лица за да фрлаат паричка - електронски - и да кажат каков бил исходот. Ако била глава, личноста добивала пет долари; доколу било писмо, испитаникот не добивал ништо. Она што не го знаеле учесниците е дека истражувачите можеле да го следат секое фрлање.

Кога почнал експериментот, истражувачите ги издвоиле сите кои имале среќа и кои добиле писмо на првото фрлање. Останатите учесници биле поделени во неколку различни групи.

Околу 20 проценти биле чесни: добиле писмо и рекле дека било писмо. Десет проценти лажеле бесрамно: добиле писмо, а рекле дека добиле глава.

Третата група не сакале ни да фрлаат и сите рекле дека добиле глава - тие биле „радикално нечесни“, како што тоа го опишале авторите. А некои, околу 8 проценти, фрлале сѐ додека не добиле глава, а потоа го пријавиле тој резултат за да добијат пари. Оваа група била наречена „измамници кои не лажат“.

„Последната група ни беше најинтересна“, вели д-р Пасквал-Езама. „Тие сакаат да мамат, но не лажат за последното фрлање“.

Тоа се вклопува во обемната литература која опишува многу психолошки изговори кои луѓето си ги дозволуваат кога ги кршат правилата.

На почетокот од деведесеттите, психологот Алберт Бандура овие рационализации ги нарече „морално ослободување“.

Тоа е процес на задржување на самопочитта со што се оправдува мамењето или, уште полошо, кога се користат реченици како „Сите лажат, па зошто само јас да бидам будала?“ или „Големата слика е многу поважна од некои ситни закачки“.

Неодамна, д-р Нина Мазар и Дан Ариели, психолог од Универзитетот Дјук во Северна Каролина, ја збогатија оваа теорија, со концепт кој го нарекоа „одржување на самоконцептот“.

„Ова се различни психолошки трикови, ако можеме така да кажеме, кои ги играме сами со себе за да го опрадваме лажењето и мамењето“, вели д-р Нина Мазар.

Слики: Mark Whalen

Извор: Le Monde diplomatique

ОкоБоли главаВицФото