Пристигнатите ракописи на конкурсот „Новите!” за 2023

04.12.2023 13:12
Пристигнатите ракописи на конкурсот „Новите!” за 2023

Оваа година на конкурсот за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!” распишан од издавачката куќа „Темплум” пристигнаа 15 прозни ракописи.

Во продолжение го објавуваме списокот на сите пристигнати ракописи.

1. Андон Карлос Поп Чотров - Македонски снајперист 
2. Богомолка 666 - Тесно
3. Валентина Петровска - Второто доаѓање на Џ. 
4. Димитар Арнаудов - Варијации на просторно  временската закривеност
5. Димитра Десановска - Сенка
6. Даница Ивановска Лепојевиќ - Една ноќ друга
7. Игор Раиден - Омнивалентност: Издигнување
8. Јосипа Ризанкоска - Писма до колепката на син ми
9. Кристијан Фидановски - Тука и таму
10. Маја Јовановска - Безизлез
11. Магдалена Николовска - Триптих
12. Славица Панева - Навигација по патот на мајчинството
13. Сања Трпковска - Реквием на тацна
14. Томе Липовски - Загрижувачки глетки
15. Христина Димоска -
Интроверт

Наскоро, жирито во состав Елена Митреска, Катерина Шекутковска и Наташа Атанасова ќе ги објави насловите на ракописите кои ќе влезат во потесен избор за наградата.

Наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис Новите! изнесува 1000 евра (бруто) и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“ на издавачката куќа Темплум. Победникот на конкурсот ќе биде прогласен на малиот новогодишен Темплум саем во Бруталиск, во последната недела на декември.

Спонзор на наградата е Комерцијална банка А.Д Скопје.

Досегашните победници на конкурсот „Новите!“ можете да ги погледнете овде.