Пристигнатите ракописи на конкурсот „Новите!“ за 2021

23.11.2021 12:50
Пристигнатите ракописи на конкурсот „Новите!“ за 2021

 
Оваа година на конкурсот за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“ распишан од издавачката куќа Темплум пристигнаа 19 прозни ракописи.

Во продолжение го објавуваме списокот на сите пристигнати ракописи.

1. Алексовска Ана – Урбана сликовница на она што никој не го забележува
2. Арнаудов Димитар – Генерална теорија за лудилото
3. Ангеловска Марија – Глава што лебди
4. Ангеловска Змејковска Јованка - Замрачени бранувања
5. Велкавова Сања – Ничија, а толку туѓа
6. Димитрова Александра – Судниот ден
7. Дејановска Билјана – Тајната на изладениот ручек
8. Дамјановски Ива – Четвртиот ѕид
9. Димоска Христина – Лимонада
10. Крстовска Силвана – Мириса на детство
11. Лазаров Иван – Привид
12. Минкова Милка – Анастасија
13. Лазаревски Медиќ Андреј – Не знам – пролегомена за секоја вечна љубов
14. Николов Јордан – Балоните над Конзулвил
15. Николовска Елеонора – Расказите раскажуваат
16. Лили Ана Пеќулиар – Снегулки на Виножитото
17. Радически Зоран – Збирка раскази
18. Станчевска Дијана – Мапа на животот
19. Трпковска Сања – Големиот скандал

Наскоро, жирито во состав Андреа Делипапаз, Петар Андоновски и Фросина Крушкаровска ќе ги објави насловите на ракописите кои ќе влезат во потесен избор за наградата. Победникот ќе биде прогласен кон крајот на месец декември.

Наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис Новите! изнесува 1000 евра (бруто) и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“ на Темплум.

Спонзор на наградата е Комерцијална банка А. Д Скопје.


Досегашните победници на конкурсот „Новите!“ можете да ги погледнете овде.