Деветто издание на фестивалот „Под земја полесно се дише”

20.12.2023 15:54
Деветто издание на фестивалот „Под земја полесно се дише”

Скопје сѐ уште добро котира на листите за најзагаден град во светот, и секако, Скопје останува единствен избор за реализација на деветтото издание на „Под земја полесно се дише”.

На 23 декември, во подземните гаражи кај плочник, со почеток во 20 часот, ќе се одржи фестивалот „Под земја полесно се дише”.

„Ќе добиете богат репертоар за културно инхалирање свежа продукција од областа на визуелните и музичките уметности. Добропознатите скопски студ, магла и тотална загаденост не се доволни да го спречат Вашиот омилен независен мултимедијален фестивал. Дојдете и набавете сѐ што Ви треба од нашиот штанд исполнет со цртежи, торби, маици и чист, неконтаминиран, свеж воздух! Алтернатива за подобро здравје!”, велат организаторите (тимот од поранешниот културен центар „Кула”) во најавата за фестивалот.

Дизајнот на плакатот за фестивалот е на Бранкица Јордановска, а ликовната и музичката програма можете да ја видите на самиот фејсбук настан.

ОкоБоли главаВицФото