Промоција на „Збирка аудиодрами од Горан Стефановски”

22.12.2023 11:57
Промоција на „Збирка аудиодрами од Горан Стефановски”

Денес, 22 декември , во просториите на Europe House Скопје, со почеток во 17 часот, ќе се одржи промоцијата на „Збирка аудиодрами од Горан Стефановски”.

На постоечката платформа за аудио книги Самоглас, додадени се аудиодрамите „Гоце”, „Дупло дно” и „Диво месо”. Ова е нова категорија која го збогатува постоечкиот каталог и ги промовира радиодрамите, како еден речиси заборавен медиум.

На аудиодрамите работеа професионални актери и режисери со кои што се истражија креативните пристапи на овој медиум, а притоа давајќки нови решенија на добро познатите драми на Горан Стефановски.

Благодарност за посветеноста на Владимир Николовски, Дамјан Костовски, Александар Ивановски, Томислав Давидовски, Владимир Петровиќ, Кире Ацевски, Марина Поп-Панкова, Андреј Лалчевски, Елена Кузманов, Томе Станковски, Горан Ников, Лазар Христов, Лео Поповиќ, Мирјана Трпковска, Теоман Максут, Леонардо Лазов, Јована Спасиќ и Виктор Велевски. Особена благодарност до Игор Стефановски кој што го позајми гласот во воведните делови на аудиодрамите и кој што преку Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски ги овозможи авторските права за истите.

Ова е одличен начин да се приближи творештвото на Горан Стефановски и да се освежи македонскиот медиумски интернет простор.

Извор: https://ekran.mk/ 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото