Боли глава

Партиски кучиња си вадат очи за загадувањето

Лелее разноразни луѓенца се расправаат дали било позагадено во време на ВМРО или во време на СДСМ? Тоа на повисоко ниво. Па после дали менаџеркава е крива или претходниот? Или тој пред него...

Абе дали има нешто посмешно и потажно во исто време?
Ова што за овој напатен и ограбен народ воздухот не е бесплатен, туку скапо го плаќа по болници, бара да се погледне надвор од тоа вашите ви трла.

Состојбата бара итна, значи итна реакција за креирање на долгорочен, сеопфатен и сериозен план и одлучност за негова имплементација.

Ништо од тоа не гледаме, ама гледаме партиски кучиња да си вадат очи викенд време и жолчно да си ја бранат бандата во која припаѓаат.

Оние кои се платени за тоа - пеки, дневница, ама овие пусти заблудени глави... е заради нив тие 60 проценти што не веруваат никому ќе станат 80. Само продолжете вака...

Катарина Синадиновска, Фејсбук, 24.12.22.

нема
24.12 2022
Никола Груевски за Кочо Рацин

Неверојатна комбинација на многу мал број одбрани и до перфекционизам синхронизирани зборови и мисла ставени на хартија, како најмилизвучна музичка композиција во која се ужива со затворени очи. Неверојатен талент!

Никола Груевски, поранешен премиер и криминалец во бегство, во текст за Кочо Рацин; Фејсбук, 23.12.22.

нема
23.12 2022
Треба да им ги скршиме роговите

Во Германија пучистите за една ноќ ги испофаќаа како глувци, и експресно, со челични белегзии на рацете, ги сместија зад решетки.

Во Белгија, еврпратеничката апашаана по брза постапка од гаќи ја истресоа. Становите ршум им ги направија. Сè што треба запленија и без многу правни церемонии и полициски процедури, билет за смештај во ѓуза им врачија.

Нашиот правен систем е исклучително уникатен, но перцепиран според неговата ненормалност. Криминалците, мангупите, крвопиите, кои со децении врз нашата кожа ја испишуваат својата богата злосторничка биографија, ги третираме безмалку како носители на ордени за посебни заслуги за народот и државата. Корупцијата ни се вовлекува во менталниот код како религија. Дозволивме судски крш да се трансформира во некакво недопирливо божество, искачено на Олимпот на нашата системска конфузија. Да метастазира до степен на неизлечива рак-рана. Се престори во едноклеточен близнак на пробисветите од нашето криминално пренаселено подземје.

Се наоѓаме пред одлука - ќе дозволиме владеење на правниот хаос, громење на државниот стабилитет, или ќе се определиме за чекори што ќе доведат до безусловна елиминација на криминалците.

Треба да им ги скршиме роговите на тие богато товени а стерилни свети крави.

Бошко Нацевски, Фејсбук, 20.12.22.

нема
21.12 2022
Јавна пресуда - тајно образложение?!

Значи, јавна седница на апелација, јавна пресуда, само образложението на пресудата е тајна?

Затоа што нема образложение или е бесмислено или е извадено од мал мозок со цел да се заштити криминалот?

Инаку апелација во 99% од случаите ги одбива жалбите на обвинетите.

Оној 1% отпаѓа на Мијалков.

Неговите жалби се ептен на место и држат.

Само уште да дознаеме што држат.

Мирјана Најчевска, Фејсбук, 19.12.22.

нема
20.12 2022
Каков крај на една борба за правда

Апелација му ја укинала пресудата на Мијалков и за масовното прислушување.

Убаво некој се зафркаваше со претходната падната пресуда - ќе треба и да му се извиниме што нѐ прислушкувал.

И нему и на кутриот му братучед што во јабана избега од нашата злоба, да мора покрај Дунав да топи тага во токај.

Каков крај, луѓе!

На една борба за правда, на една изворна надеж за градење на вистинска држава.

Какво изневерување на довербата и плукање на граѓанинот в лице!

Катарина Синадиновска, Фејсбук, 16.12.22.

нема
18.12 2022
„Кога ќе бидам премиер, ќе те влечеме по улици!“

Мицкоски ми се закануваше:„Кога ќе бидам премиер, ќе те влечеме по улици“.

Данела Арсовска во „Само интервју“ на ТВ Канал 5; 15.12.22.

нема
15.12 2022
Луѓе, доста веќе со слики од мајки што треба да се егзотични

Луѓе, доста веќе со слики од мајки што треба да се егзотични зашто носат шамија и што биле чистачки или не знам што друго страшно во Париз или во Берн, а чии деца Мароко всушност го знаат само како мирис на домашна кујна на празници меѓу среда во Лига на шампиони и сабота во првенство.

Ги знаеме дечките, ги изнагледавме цела година во најјаките европски клубови. Не се тоа неухранети бегалчиња што добиле награда за иновација во шведско школо. Сите се спремни, натренирани, накондиционирани, стручно измасирани и нутриционистички деликатно избалансирани супер-платени професионалци. Значи, мајка ко мајка, се радува.

Душица Димитровска, Фејсбук, 11.12.22.

нема
11.12 2022
Дали приватните превозници го тужеле градот за неисплатениот долг?

Од она што можам да го видам од медиумите градот им должи на приватните превозници и не сака да го плати долгот.

Ме интересира дали приватните превозници го тужеле градот за неисплатениот долг?

Дали има поведено судска или барем некоја административна/управна било каква постапка пред надлежна институција со барање да се присили градот да ја изврши својата обврска.

Владат исто така може да го подмири долгот и потоа да си ги бара парите од градот и тоа со затезна камата.

Можеби грешам, ама во договорните односи секогаш постои соодветна легална можност за наплата на доспеан долг.

Мирјана Најчевска, Фејсбук, 06.12.22.

нема
09.12 2022
Како тоа САД ќе ја водат нашата битка?!

Како тоа имаме функционална демократија и професионални институции (според претставници на Владата) а некој од надвор треба да се справи со криминалот?

Како тоа Маричиќ шета наоколу и си прави тимови од илјада луѓе кои ги плаќаат граѓаните на Македонија, а некој друг треба да ја напише домашната работа?!

И да ве прашам, онака сериозно, до кога ќе ги бирате истите копуци кои веќе 100 пати ве излажале во очи и ќе очекувате поинаков резултат?

И ве молам, дне се залажувајте, со ДУИ во било која власт не се може напред.

Со актуелните судии и јавни обвинители не се може напред.

Со актуелниот состав на Изборната комисија, на Антикорупциската комисија, на Народниот правобранител и на уставните судии не се може напред.

Потребна е експертска Влада која ќе стави црта и ќе ги дефинира правилата на игра на начин кој не остава простор за нивно растегнување, свиткување и заобиколување.

Ајде да покажеме барем минимална зрелост и да го направиме тој чекор.

Пред да дојде некој од надвор да не построи.

Срамота е после 78 години државност ова да ни се случува.

Мирјана Најчевска, Фејсбук, 06.12.22.

нема
07.12 2022
Зашто треба да е јавен сервис!

Зошто МРТ е важна, иако веројатно има помалку гледачи отколку што Јанко Бачев има членови на неговата минијатурна партија?

Затоа што има 15 милиони евра буџет во 2022 година – пари на сите македонски граѓанки и граѓани.

Повеќе од една деценија МРТВ е легло на партиска, националистичка и антизападна пропаганда. Со Програмски совет, компониран на салфетките на Груевски, чиј мандат е истечен. И со партиски директор (ре)избран од телото (советот) без мандат.

А најважно од сѐ: зашто (треба да) е јавен сервис!

Џабир Дерала, Цивил медиа, 21.11.22.

нема
05.12 2022
Мијалков се шета наоколу а Јанкуловска си седи во затвор

Интересно, Мијалков се шета наоколу а Јанкуловска си седи во затвор.

Изгледа ова по принципот кој повеќе украл повеќе може да плати и да си ја купи слободата?!

Се разбира, за финкционерите од ДУИ ова не важи, тие живеат во паралелна реалност во која се заштитени од било каков прогон за било какво криминално дело.

Мирјана Најчевска, Фејсбук, 12.11.22.

нема
02.12 2022
Е, Ленине, Ленине

Ееее Ленине, Ленине! Во 2017-та со своите моторџии „Ноќни волци“ беше дел од контрапротестите на ВМРО-МВРО против „Тиранската платформа“. Протестите кулминираа со крвавиот 27 април.

Сега, на блокадите со твоите приватни автобуси во Скопје – си врзал албански и македонски знамиња!

Петрит Сарачини, Фејсбук, 29.11.22.

нема
30.11 2022
29 Ноември не е само празник од минатото, тој е дел од нашата но и светската историја

На 29 ноември 1943 беше создадена државна структура која ќе ги помести границите на разбирање на државноста, ќе изнедри голем број идеи и визии кои ќе се разработуваат, развиваат и применуваат во иднината и ќе покаже дека дури и на такви турбулентни простори каков што отсекогаш бил Балканот може (барем за одреден период) да биде одржан стабилен и просперитетен мир.

Она што најмногу ме мачи е тоа што не успеавме да ги зачуваме сите прекрасни придобивки на СФРЈ, а наспроти тоа, ги задржавме и со голема посветеност ги негуваме сите деформации на системот.

Мирјана Најчевска, Фејсбук, 29.11.22.

нема
29.11 2022
Останавме и без пари и без театар, и без музеј, без Универзална сала, без пат кон Охрид, без железница, без пошта...

А каков квалитет за големи пари даваат вмровските фирми се гледа во центарот на Скопје. Се распаѓа Театарот. Се распаѓа Уставниот суд со Археолошкиот музеј. Се распаѓа Плоштадот. Се распаѓаат фонтаните. Се распаѓа МЕПСО. Се распаѓа фасадата на Владата… Крадено е. Без усул е крадено. Во други земји ќе ги фатат политичарите за корупција, ама ќе им останат патиштата, железниците, аеродромите, пристаништата, државните објекти. Ние останавме и без пари и без театар, и без музеј, без Универзална сала, без пат кон Охрид, без железница, без пошта, без плоштад, без јавен превоз… И без главниот крадец останавме. На СДСМ и тоа му успеа – и тој да им избега. Па сега нека им се нуди од Будимпешта да им кречи.

Горан Михајловски, СДК, 25.11.22.

нема
27.11 2022

Препорачуваме

Дали крајот вака мириса?

Колумнава е објавена пред 13 месеци.

Нова стратегија

Пет песни: Нова стратегија, Премијера, Царство, Елегија и Прашање на влијание. Графики: Frans Masereel.

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

ОкоБоли главаВицФото