Боли глава

Погодувате што сè ќе најдат во компјутерот на Заев

Погодувате што сè ќе најдат во компјутерот на Заев:
- секс со малолетен нилски коњ
- неверството на Марџ Симсон со помладиот комшија
- документирана аферата на Асанж со Швеџанке са бензиске пумпе
- провокативни снимки од оргијата на Буш со Осама Бин Ладен, во режија на Садам Хусеин
- доказ дека цицките на Тамара, од календарот од пелистерка се уствари од на Боки 13
- видео како Борко ја плескал втората принцеза на Емирот од Катар шеик Хамад бин Халифа ел-Тани пред утакмицата со Словенија
- цврст доказ дека седумнаесетиот фејсбук профил на Мелита, е всушност профилот на скриеното алтер его на Антонио Милошоски...
Рибаро, Фејсбук, 31.01.15.

нема
31.01 2015
„Да знаев дека сте вакви, ќе ве издркав во чаша!“

Со Дарко Јаневски, човечето кое успеа од првиот независен и некогаш најтиражен и највлијателен македонски дневен весник, „Дневник“, да направи гласило на малата чета пропагандисти на Амина Трети, чиј гуру е козарот и кучкар со државни субвенции, немам намера да водам сериозна полемика.

Кога денес гледам што направил Јаневски од весникот што го основав (заедно со уште неколку пријатели) и кога помислувам на нашите колеги кои со него го споделуваат овој невиден срам, единствено што ми текнува е репликата на Димитрија од „Диво месо“ на Горан Стефановски: „Да знаев дека сте вакви, ќе ве издркав во чаша!“

Заради вистината и заради споменот на моите драги колеги од неделникот „Комунист“ (некои од нив веќе се покојни), кој се спомнува во најновата тирада на Јаневски против мене, должен сум да го кажам и следново - во времето кога јас работев во овој неделник, „Комунист“ на Ристо Лазаров за „Нова Македонија“ на Панде Колемишевски беше нешто како лондонски „Гардијан“ за московска „Комсомолскаја Правда“.

Сѐ друго од писанието на џелатот на „Дневник“, стокмена во ерата на козење, не вреди да се коментира. Може Дарко да се окози ако сака, џабе му е сѐ. Овој тажен „Дневник“ е неговата легитимација. А што не се прчело, богами, не може ни да се кози.
Бранко Героски; Плусинфо, 30.01.15.

нема
31.01 2015
Предлагам да се пристапи кон портретирање на главните личности и сликање на круцијалните настани во поновата македонска историја

Проектот „Скопје 2014“ е реставраторски проект, дизајниран не само во однос на туризмот и градежништвото, туку пред се' базиран врз пополнување на страшната историско-уметничка дупка, поправо – амбис во македонската култура.

Како и секогаш во овие зафати на рекреација на историскиот наратив, главно место зафаќаат најзначајните личности и настани од таа иста, недоволно одбележана историја. Затоа, за да не дојде до ретроактивно одбележување на историјата на македонската нација и држава, предлагам со време, значи, синхрониски да се зафатиме со оваа задача. (...) По овој повод, предлагам да се пристапи кон портретирање на главните личности и сликање на круцијалните настани во поновата македонска историја од 1991 година до денес.

Изработка на портрети во природна големина на досегашните претседатели на Република Македонија, потоа на премиерите на РМ и секако, претседателите на Собранието на РМ. Понатаму овој проект би можел да се прошири и на портретирање на министри, градоначалници и на други значајни личности од македонскиот општествен и културен живот.
Александар Станковски; Утрински весник, 26.01.15.

нема
29.01 2015
Рингла на два степена!

Откако портпаролот на СДСМ Петре Шилегов ги повика Никола Груевски и неговите министри да одберат време, место и медиум за дебата, овластен сум од премиерот да го соопштам неговиот избор: место - Идризово; медиум -пендрек; време - во секое време!
Во свое име, пак, сакам да го прашам гласноговорникот на македонскиот спас: Петре, а, бе, има ли вашата рингла некој друг степен, бе, ова манџа нит се лади, нит се вари!
Бранко Тричковски, Фејсбук, 18.01.15.

нема
29.01 2015
Тодоров во вселената

Голема чест и привилегија е да бидам тука во својство на министер за здравство во Република Македонија и ја поздравувам можноста да се обратам „во срцето на Европа“. Минатата 2014 година беше одлична година! Година, кога цела Европа и целото човештво почувствува најголема гордост, добивање на една од најпознатите историски вести, а тоа е Розета Мисијата на Европската вселенска агенција и на Филе, што успешно слета на кометата 67П/Чирјумов-Герасименко. И покрај фактот дека Република Македонија во моментов не учествува во програмите на Европската вселенска агенција, ние чувствуваме екстремна радост за таквиот успех и јас навистина верувам дека ќе го видам денот кога мојата земја ќе учествува во програмите на Европската вселенска агенција.
Никола Тодоров, министер за здравство на РМ; Плусинфо, 27.01.15.

нема
27.01 2015
Мери им го умот со кантар

Спиридоне (Спире) и остали,
КВАЛИТЕТОТ не се мери на КАНТАР, но постојат други мерила со кои може да се издвои и да се истакне квалитетот во однос на неквалитетот.
У техниката се знае дека еднодимензионалните вредности се искажуваат со СКАЛАР (еднозначно), дводимензионалните со ВЕКТОР, а тродимензионалните со тродимензионален вектор. Повеќедимензионалните сложени вредности се изразуваат со повеќедимензионални МАТРИЦИ.
Токму квалитетот во високото образование е сложена вредност која може и мора да се изрази со повеќедимензионална матрица.
Сложените матрици можат да ги решаваат само учени луѓе, кои ги владеат содржините од матрицата.
Процесот на решавање на сложени содржини се вика ЕВАЛУАЦИЈА.
Затоа е многу погрешно кога образованието ќе се сведе на скаларно оценување со две оценки: едната оценка е ЗНАЕ, втората НЕ ЗНАЕ.
Да се знае без мислење е непродуктивно.
Да се мисли без знаење е КАТАСТРОФА.
За тој што несмасно, неумесно и без многу мислење донесува едноставни (прости) решенија за сложени прашања и ситуации, народот вели: мери му го умот со КАНТАР.
М.Д. Batadjango Dzango, Фејсбук, 21.01.15.

нема
27.01 2015
Грците покажуваат дека отсекогаш биле различна цивилизација од Македонците!

Грците ја сменија власта затоа што бараат повеќе пари и достоинство. Јас мислам дека нема да добијат ниту повеќе пари ниту повеќе достоинство, но луѓето се занимаваат со своите проблеми, се обидуваат да сторат нешто со својата судбина и иднина и покажуваат дека отсекогаш биле различна цивилизација од Македонците!
Бранко Тричковски, Фејсбук, 26.01.15.

нема
26.01 2015
Не е лошо да се крене точакот и тоа е вежбање

Е па ајде нека не се гради, да застанеме и да не се гради?! Кога се спортува не е лошо да се крене точакот и тоа е вежбање, не е само возењето...
Никола Груевски препорачува носење на точаците на раце поради непроодниот кеј; А1ТВ / Јадибурек, 25.01.15.

нема
25.01 2015
Мешајте појако во скутот на Грујо!

На оние што не сакаат да се мешаат во политика, им препорачувам да мешаат појако во скутот на Грујо. И секако, обавезно да му се извинат што се некултурни, оти му вртат грб дур ги онади.
Петрит Сарачини, Фејсбук, 21.01.15.

нема
25.01 2015
Сава човече, шта ти је бре, консолидиши се!

Нема веќе дружби како онаа на познатите „интелектуалке неутралке“. Под притисокот на власта групата се подели: две го предводат Професорскиот Пленум, што е значајно подобрување во пристапот, а последната, најмладата, најсугарето „се подаде“ и вресна самоисполнето: …Да сум јас на Ваше место, премиере, јас би била и построга кон колегите професори, кои се: распашани, крадат пари во мали групи (кога се крадело во големи групи?!), и се аздисани… Што е тоа автономија, Ви се молам, како да не! Па Универзитетот не е надвор од општеството!“ (заклучила генијалката млада и спикерка од скоро) Гледајќи каков крш маршира напред во име на владината наука и техника, дури и еден препотопски лик на социјалистичката образовна репресија, Сава-у- космосу, си помислил дека е тој за ваквите суви-геније и срочи, јеботе, нешто за либералното премостување кое го направил премиерот кон стабилизирање на либералното стопанство!? Сава човече, шта ти је бре, консолидиши се!
Љубомир Д. Фрчкоски, Либертас, 19.01.15.

нема
24.01 2015
Операција

Министерот Тодоров бил на операција на мозокот при што гомносерот му бил поврзан со устата така што гомната почнале да му излегуваат орално! Се’ е до мозокот, изјавил по тој повод американскиот едукатор кој со новата електрична лампа од Зеленото пазарче му го осветлувал шупакот на легнатиот министер. За жал, со операцијата не добивме нова ситуација, рекол човекот од Хјустон. Сега ќе дадеме налог да му се оперира газот со надеж дека конечно ќе допреме до неговиот мозок!
Бранко Тричковски, Фејсбук, 22.01.15.

нема
23.01 2015
Идиотизмот на ДПМНЕ не е само заразен, туку е и задолжителен!

Главниот Идиот вели: Не ги разбирам студентите зошто протестираат! И, веднаш потоа се јавува хорот:
Адеми изјави дека и тој не разбирал.
Судиите не разбирале зошто се протестира пред Апелација.
Сега и министерот за надворешни се изјасни, дека ни тој не разбирал зошто протестираат новинарите.
Во очекување сме овој опасен вирус кој на веќе глуп, те дооглупува да се претвори прво во епидемија, па потоа и во општа пандемија.
Имуни се само оние кои разбираат или се обидуваат да разберат!
Ивор Мицковски, Фејсбук, 21.01.15.

нема
22.01 2015
Ги осудуваме протестите против судските одлуки

Здружението на судии на Република Македонија ги осудува протестите против судските одлуки без разлика што е загарантирано правото на протест на секој, судските одлуки единствено можат да се преиспитуваат во судска инстанца и непримерно е да се попречува работата на судовите и притоа да се користи улична демократија за промена на одлуки која и тие кои протестираат се свесни дека не можат да ги издејствуваат надвор од институционалното и во судска инстанца преиспитување на судската одлука.

Здружението на судии на Република Македонија апелира во случајот „Кежаровски“ да не се користат навреди и омаловажувања на судовите и судските одлуки особено што ова не е прв пат, а Здружението веќе има реагирано на непримерните протести и вокабуларот на омраза што се шири на протестите.

Соопштение на Здружението на судии потпишано од претседателот Николчо Николовски; НоваТВ, 20.01.2015.

нема
21.01 2015
Шарли и Чарли

Читам, куририве мене, Тричко и Боки Бургија не’ споредиле со исламски терористи, со што нивниот Грујо добива статус на Шарли. Да им објаснам две работи. Прво, зборот Шарли не е скратеница од шарлатан, туку има друго значење. И второ, курац Грујо е Шарли - Грујо е Чарли. Тоа го знаат сите у маало...
Бранко Героски, Фејсбук, 16.01.15.

нема
20.01 2015

Препорачуваме

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

ОкоБоли главаВицФото