Боли глава

Николае, готово е!

Николае многу брзо ќе сфати дека попусто се сили, се фали со „народ“, се заканува со конфликт. Странците деновиве ќе го седнат во комбе и ќе му помогнат да сфати дека Македонија веќе никогаш нема да биде негова прчија. До пред еден месец, тој можеби имаше шанса да застане на чело на едно егзекутивно тело што ќе ги изврши промените. Денес, особено после оној газиместански говор, тој таква шанса веќе нема. Сега има можност да се помири со неизбежноста кризата да се реши со политички договор и да се откаже од помислата со уцени и насилство да го минира тој процес. Ако ја пропушти и оваа шанса, мислам дека после еден месец дена тој нема да биде во можност да преговара ни за оние парцели за кои му одговара другарчето Миле.

За Николае е добро и здраво што побрзо да сфати дека не може да се бори сам против вистината и против сите. Диктаторите што се обидоа тоа да го сторат завршија на буништето на историја и на крајот сите добија само по една парцела, онаа која ни е загарантирана на секој од нас кога ќе нè снема од овој свет.
Бранко Героски, Плусинфо, 16.03.15.

нема
16.03 2015
Во последнава бомба на г. Заев се зборува за најболната тема во мојот живот

Ете така, дојде на ред мојата омилена бомба - со која еднаш засекогаш ќе им одговорам на СИТЕ на прашањето ЗОШТО ПОЧНАВ ДА СЕ “ЗАМАРАМ” СО ПОЛИТИКА. Во последнава бомба на г. Заев се зборува за најболната тема во мојот живот: мојата куќа и ридот зад неа (крајот на ул. Питу Гули). Веќе 10 години го имаат земено на пик тој рид и сакаат - како и на сите други можни зелени површини каде што го поминав цело детство - да направат згради. ЌЕ НИ ПРАВЕЛЕ 7 МЕТРИ ЅИД ОНИ НАС! АЛОООО БРЕЕЕ!?!? Сега веќе никој и ништо на овој свет не може да ме убеди дека било кој од овие разговори е монтиран. Груевски е убедливо НАЈЛОШОТО нешто што ѝ се има случено на Македонија.
Леана Таќи, засегната граѓанка, по обелоденувањето на „градежната Бомба #10“; Фејсбук, 15.03.15.

нема
15.03 2015
Лудилото нема граници: СОРОС и опозицијата биле против дропките, бројките, алгебрата и геометријата!

Нема логика да прогласувате победа против математиката! Едноставно е природно да се коментира и да се укаже на тоа дека походот на СОРОС и опозицијата против дропките, бројките, алгебрата, геометријата може само да и наштети на Македонија и нејзината младина која има капацитет и воопшто нема сомнение дека политизацијата на вербата на државата во својата младина и нивните големи потенцијални не треба да стане предмет на полички математички пресметки во обид да се добијат некакви поени кои несомнено одат на штета на младоста и знањето.
Курир, 14.03.15.

нема
14.03 2015
Горане, ќе добиеш дебел зелен ркољ у фаца, а после и торта со шлаг!

Горане, копиле едно расипано скапано продадено! Да ти кажам на време дека кога ќе те видам ќе те клоцам како магаре! И ќе добиеш и дебел зелен ркољ у фаца!
Ќе се срамиш ти за сето ова, ќе одиш ти со години со наведната глава, ти веќе официјално не си новинар туку си вработен во ЈАВНО КОМУНАЛНО ПРЕПТРИЈАТИЕ, АМА ТИ ЧИСТИШ САМО ЕДНИ ГОМНА, ГРУЈОВИТЕ ГОМНА! И ТОА СО ЈАЗИК! БЕДНО БЕДНО ГНАСНО КОПИЛЕ СИ ТИ ШЕФЕ!
П. С. Се мислам и дали да те чекам пред работа на сабајле и да ти акнам една торта у фаца, ќе прежалам 200 денара за торта од најевтините, оние само со шлаг. Тоа е легитимна операција, барем во цел свет, не се смета за тежок физички напад, само не знам дали ќе се воздржам потоа и да не ти акнам две три клоци у гз, пиздо една курвинска!
Саше Ивановски до Горан Петревски, главен уредник на МТВ; Макел, 13.03.15.

нема
14.03 2015
Миле, а бе го знаеш она со два големи кругови како алки се метални?

Миле, а бе го знаеш она со два големи кругови како алки се метални, ги носат џандариве и овие садо мазо уживачиве го користат за да се врзат за кревет кога се ебат. А бе она со синџир круговите што се поврзани и клуч им треба за да се стават на раце за да не можеш да ги мрдаш рацете. Како да ти кажам бе Миле, мислам некако лисици ги викаат, или така нешо. ти текнува?
Јане Ѓорѓиоски Рибаро, Фејсбук, 11.03.15.

нема
12.03 2015
Која хемија меѓу албанскиве лидери и македонскиве џандари!

Не можам да ја разберам оваа фатална привлечност меѓу албанскиве лидери и македонскиве џандари. Која хемија, човече!
Бранко Героски, Фејсбук, 11.03.15.

нема
11.03 2015
Заев е неавтентичен Македонец, што значи...

Колку е автентичен Заев како Македонец толку е автентичен разговорот.
Мендух Тачи бесно реагира на прозивките за неговата поврзаност со шефот на тајната полиција; А1 Он, 11.03.15.

нема
11.03 2015
Има ли од МВР вешт или да појде да види, ако може да ги отвориме без да се сецка?

Е сега, избирачкиот материјал е во една просторија кај што имаме клуч. Тие се заврзани во едни црни вреќи, како што ми објаснуваа, и имаат од оние пластичнине, ако ти текнува, што се затегнуваат, пластични едни? Има ли од МВР вешт или да појде да види, ако може да ги отвориме без да се сецка?
Миле Јанакиески од Сашо Мијалков бара да му испрати вешти обивачи од МВР; од прислушкуваните разговори; Плусинфо, 10.03.15.

нема
11.03 2015
Кој чини повеќе: еден актер или еден вол?!

Еден наш малоумен, еден наш безмозочен Македонец го поткупиле со десет лири и го испратиле да ме убие. Јас пред две недели поминав низ пазарот во Серес. Таму на тој пазар еден вол чини сто лири. А ваму овој нашиов го поткупиле со десет лири да ме убие мене. Па сега се мислам, се чудам и не можам да се изначудам: како е можно еден македонски војвода, еден пирински цар да биде десет пати поевтин од еден вол!?
Петар Темелковски, актер и „бранител на Македонија“, при настап во салата „Расадник“; 09.03.15.

нема
10.03 2015
Изјави што одбележаа различни периоди

Крсте Петков Мисирков (1903) – Шчо напраифме?

Владо Илиевски (2011) – Леле, што напраивме!

Гордана Јанкуловска (2015) – Шу праиш?!

 

ФБ статус на Димитар Тушев

нема
09.03 2015
Побрзајте, да не ви помине Спасовден!

Бре, бре, бре. Комитет за спас на ВМРО-ДПМНЕ:
"...кога МВР ќе стане штаб на партијата, се укинува државата...
Ги повикуваме сите граѓани:
- да им ја вратиме ВМРО на граѓаните, на сите граѓани;"
И пак им е на прво место спасот на партијата, а не спасот на државата.
Таму, некаде, подолу:
"... да се вратиме на темелните вредности на Уставот и враќање на институциите во рацете на граѓаните;"
Историјата се повторува.
Едно време, ВМРО-ДПМНЕ-овците ја спасуваа партијата од основачот Љубчо Георгиевски, а сега дојде време да ја спасуваат од Никола Груевски. Некои од спасувачите до вчера верно му служеа.
Ајде, побрзајте, да не ви помине Спасовден.
Жарко Трајаноски, Фејсбук, 08.03.15.

нема
09.03 2015
Чипот ли е лош или човекот!

Ситуиран човек со успешна и перспективна кариера во областа на светските финансии, го напушта својот менхетенски пентхаус и доаѓа во Скопје да му биде сметководител на својот кум-боксер кој наумил на смрт да претепа два милиони луѓе во рингот на Македонија! И одбива или не се сетува да ја напушти журката во моментот кога сфаќа дека неговиот кум, во меѓувреме, се развил во ординарен лудак и дека идејата да се прероди целата нација е лажен и манијакален проект! Да ја напушти забавата во финансиската кондиција во која дошол или со некое милионче плус, чие исчезнување, во амбиент на општ апашанат и ненормални трошења во патеки, паркови и чоколади, никој никогаш не би ги забележал! Да одлета во вселената со Ричард Брансон, да појде во биг-фиш авантура во Западниот Пацифик или да излезе по кутија цигари и да ја остави Гоца со слушалката в уста! Форевер!
Зошто, како??!
Можеби се надева дека кумчето ќе победи во судирот со нормалноста! Па си мисли, што па ако е забегано моето кумче, целиот свет е забеган, се’ е отудено у курац!? Можеби верува во чуда, па си мисли дека ова што го гледа од самиот центар на ураганот е сон од кој ќе го разбуди некоја друга полицајка, уште поубава од Гоца! Можеби мисли дека со комплетното досие за "Преродбата", до последниот денар спичкани пари, потрошени на бронза и потемкинови кулиси и украдени и трансферирани по разноразни архипелази и други егзотии, од Белизе и Кајманските острови, до домашните орка китчиња, по сметки и имоти на баби, стрини и швалерки, ќе појде на адресите што во замена ќе му гарантираат слобода или спуштање на казната од 345 на 280 години строг затвор, не знам! Да сум јавен обвинител, јас би барал да му се изврши обдукција уште додека е жив за да видиме каков чип му подметнале на човекот односно како тој се подметнал под вистинскиот чип! Оти, можеби чипот и човекот стануваат вака експлозивни дури откако ќе се спојат!
Бранко Тричковски, Фејсбук, 08.03.15.

нема
08.03 2015
Мислев дека Мартин Протугер е некое педерче

Мислев дека е некое педерче. А тој да ти бил маж. Мажиште. Се заканува со убиства. На жени и деца… И овие психопати сакаат да продолжат да владеат со нас? Што е следно? Да почнат да нè убиваат??? Е не! Нема! Не може! Тоа нема да ви го дозволиме. Ниту едното ниту другото. Ниту ќе нè убивате, ниту ќе владеете! На подмолен начин победивте, но сега изгубивте! Тргнете ги вашите валкани шепи од нашата тажна држава. Пред да стане доцна...
Генерал Ангелов, Фејсбук, 06.03.15.

нема
07.03 2015
Мартин се заканува: сите во ендек ќе ги најдат!

Кажи му дека он, жената, децата, све у ендек ќе ги најдат... Мајката да им ја ебам јас нивна комунистичка нивна педерска!
Мартин Протогер во прислушкуван разговор; Плусинфо, 06.03.15.

нема
06.03 2015

Препорачуваме

Изборните резултати не се позитивни за развојот на една (надежно) либерална демократија

Нашите избори – и кампањата и исходот – само ја намалуваат веќе оскудната нијансираност на политичката понуда.

Во челустите на пандемијата на деснило

Бранот на фашисоидната милитаризација ја плави цела Европа.

Македонија и „Биг Бенг“: историски лекции

На 1 мај 2004 на ЕУ ѝ се приклучија десет земји, од кои седум од поранешниот источноевропски лагер.

Лекцијата на палестинските новинари

За митот на независните новинари.

ОкоБоли главаВицФото