Боли глава

Припадници на Мијалковата паравојска, бидете нормални и спуштете го оружјето

За овие гнаси предлагам Меѓународен суд и ШТИПСКИ ПРОЦЕС во стилот на НИРНБЕРШКИОТ со Британски и Американски обвинител. Сакам да гледам нивно судење на нивна територија, во пазувите на нивната националистичка колевка.
Припадници на Мијалковата паравојска, бидете нормални и спуштете го оружјето. Не исполнувајте наредби против човештвото и не посегајте по својот народ!!! Помогнете ја правдата и спасете ја сопствената душа!!!
Мимоза Ристова, Фејсбук, 20.02.15.

нема
21.02 2015
Од понеделник апсам

Од понеделник апсам, Љубе ќе го ебат наркомани во Шутка, мамицата да му ја ебам.
Сашо Мијалков, шеф на тајната полиција, во прислушуван разговор; НоваТв, 20.02.15.

нема
20.02 2015
Теле/фонија

Праиме муабет по телефон со Искра.
Се слуша неподносливо ехо.
"Поздрав до ехото" - велам.
И ехото си отпоздравува: "Поздрав до ехото".
Муабетиме. Малку за здравје, малку за работа. Малку отворено, малку во шифри.
И ехото муабети со нас.
На крајот на муабетот, пак ми доаѓа да опцујам:
"Да ти ибам државата во која Жарко и Искра се државни непријатели, да ти ибам!"
Жарко Трајаноски, Фејсбук, 19.02.15.

нема
20.02 2015
Се сеќава ли некој на оној наш „чувен“ режисјор и комунистички миленик, како скокаше како млад мајмун низ Собрание?

Ако една актерка со неприкосновено реноме вели дека „вистинските уметници не им велат благодарам на министрите“, ама друг „актер – бранител“ се гледа себеси само како „државен службеник“, за какви „пружени шанси“ говориме ние? И какви резултати можеме од тие да очекуваме? Се сеќава ли некој на оној наш „чувен“ режисјор и некогаш комунистички миленик, кого го направија дури и претседател на парламент, па амбасадор, како скокаше како млад мајмун низ Собрание? И нему ли некој нешто му направи? Или оној „Рембрант“ што се влечеше како приврзок по елитата на опозицијава, ама сега е пун себе па веројатно веќе ни добар ден не им кажува? А маалсконо филозофче, до вчера усран голуб, а годиниве во улога на obersturmbannfuhrer кој дури одлучува и за национални споменици? Кој, и што ли, ним им правеше та се исчуручија во вакви „патриоти“? Кој воопшто порано го имаше на ум како стручњак за уметност она човечено од Архитектонски факултет што ни го посра градов со оние „скулптури“, од „Тешкото“ па на даље? Или сите оние други што седат по разноразни форуми и движења, почнувајќи од хармоникашон до квазиисторичарине, и глумат интелектуалци? Што ли толку им згрешила оваа држава, па и ние со неа, или тоа е само израз на немоќ, на потиснати фрустрации и комплекси што ги дочекале петте минути?
Златко Теодосиевски; Теодосиевски уметност, 18.02.15.

нема
19.02 2015
И Ацо почна да го отвора срцето: „Да останеш без газда во овој свет, каде што секој и сешто има газда, е позиција, безмалку, шизофрена“

Овој зачаден и поцрнет лик со многу еластичен ’рбет и кабалистички склоности, петардата ја добил од неговите верни спонзори од надвор. Југот секогаш будел романтични чувства, еротика и авантура. Но, при последното сослушување пред народот, неговите верни спонзори ја загубија власта, а нашиот опозициски шампион со ова се најде на бришан простор. Новиот владетел на една од нашите соседни земји има поинакви интереси и стратегии, така што нашиот опозициски шампион остана без газда.
А да останеш без газда во овој свет, каде што секој и сешто има газда, е позиција, безмалку, шизофрена. Така овој неверојатен опозициски шампион на несмасноста и илузијата стана глинен гулаб за мноштвото натпреварувачи во стрелање. Канонадата почна, стотици истрели го разнесоа глинениот гулаб. Но, во оваа чудна реалност тој останува неповреден, а така е, зошто ова е реалност од цртаните филмови, каде што секој преживува.

Ацо Станковски; Република, 13.02.15.

нема
19.02 2015
Замислете...

Замислете да имавме силно новинарство и моќни медиумски организации.
Замислете сега лентите со прислушуваните разговори да им беа дадени на медиумите, а не на политичка партија.
Како што е и редот.( ‪#‎Watergate‬ )
Продолжете да си замислувате...
Владимир Петрески, Фејсбук, 18.02.15.

нема
18.02 2015
Поарно да те стрелаат на улица отколку да дадеш оставка

Зошто некој да даде оставка ако баш не мора? Морал, не морал - глупости - мора само да се умре. Еве, Чаушеску... да не даде оставка случајно човекот? -Не даде. Епа!? -Епааа... го стрелаа! На улица. -И? Наравоучение?
-Поарно да те стрелаат на улица отколку да дадеш оставка.
Тихомир Јанчовски, Фејсбук, 16.02.15.

нема
18.02 2015
Кога закланите се враќаат по своите глави!

Да барате од опозицијата да се врати во парламентот е исто како од декапитираните египетски христијани да барате да се вратат по своите глави, да си ги залепат и да отворат дијалог со исиловските кољачи на Багдади! Или, нафтосаниот бакалар да го замолите да доплива до Енкориџ и тука низ дијалог со Ексон мобил да побараат заедничко решение за проблемите во водите на Принцот Вилијам! Или, од давеникот кај Лампедуза да побарате да се врати во Сиера Леоне или во Зимбабве и таму да удри една демократска, парламентарна потрага по мизеријата на својот живот во споредба со кој животот на гепардите и хиените е вистински рај на земјата!
Сакате да се вратиме во парламентот, господине Хан?!
Па донесете го од Брисел тој факинг Парламент, па да ви покажеме ние што е тоа демократија и тоа институционална!
Бранко Тричковски, Фејсбук, 17.02.15.

нема
17.02 2015
Одбраната на Груевски!

Му предлагам на Никола Груевски вака да ја конципира одбраната од убиствените напади на непријателската опозиција:
1. Власта ги прислушкувала луѓето за да може од вкупно прислушкуваните 26.000 луѓе да направи приоритетна листа за бесплатно банско лекување на нашите граѓани!
2. Со тоа што Зоран Заев одбива да ги врати тонските записи од прислушкувњата на надлежните органи, тој работи против банското лекување односно против здравјето на нашите луѓе и против интересите на банската индустрија!
3. Во овие тешки времиња на сеопшта светска криза, лицето Зоран Заев со своите уцени, следејќи го својот личен и партиски интерес по секоја цена да дојде на власт, ја изложува државата на нови трошоци за повторно прислушување на оние што веќе биле прислушкувани и на тој начин го поскапува бесплатното банско лекување и го оптоварува буџетот со издатоци кои, инаку, би можеле да се искористат за бесплатно лекување во странство на пресно починатите деца!
П.С.
Хонорарот, пола во кеш пола жирално, а за износот "вака-така" ќе ти текне, како што гледаш, јас ништо не барам!
Бранко Тричковски, Фејсбук, 16.02.15.

нема
17.02 2015
Оваа опозиција да си поднесе оставка!

Кој е иљачот? Оваа опозиција да си поднесе оставка и да се појави нова!
Братислав Димитров; Прес 24, 16.02.15.

нема
16.02 2015
А бре не е прислушуван Мијалков, шупаци едни, прислушуван бил Муса Џафери

Хахахахахахаха... Стварно се глупи ова куририве. А бре не е прислушуван Мијалков, шупаци едни, прислушуван бил Муса Џафери. И оп, бинго!!!
А "во погледа на содржината", глупандери едни, ме заболе таквоото дали Мијалков сакал Македонец, а не Албанец да биде претседател на Врховниот суд. Кој е Мијалков за тоа да решава? Шефот на тајната полиција ли го избира претседателот на Врховниот суд?!?!
Бранко Героски, Фејсбук, 15.02.15.

нема
15.02 2015
Громчо не ги пуштал громчињата во автономните зони!

Слушам дека Громчо им забранил на студентите да учествуваат во артикулацијата на автономните зони на скопскиот универзитет!
Прво, ме фрапира сознанието дека во тој мафиотски исерок воопшто има студенти, а уште повеќе ме изненади тоа што тие што како такви влегле во оваа апашанатско здружение, се жалеле дека не можат да им се придружат на своите другари на универзитетот поради партиски забрани!
Ако е така, тогаш тие не се никакви студенти! Јас, дури, би рекол дека не се луѓе.
Мислам дека би било убаво и важно наместо да ги вртиме и сукаме работите, да собереме сили и сосема отворено да извикаме: тој што ќе дозволи Громчо да му забрани некаде да оди, тој е ништо кое никаде и не треба оди, тој е ништото како такво! Громчо тука не е виновен како поединец, тој е виновен како феномен, како казна, како недостиг на струја, како поплава, како земјотресче, како запек, како затната канализациона цевка, а студентите што во слободните зони си ги чекаат громчињата просто треба да им кажат: ајте вие и вашиот Громчо, фино лепо у пизду материну, стоко!
Бранко Тричковски, Фејсбук, 15.02.15.

нема
15.02 2015
Зошто ги поддржувам студентите?

Пред неколку дена, ми раскажаа две анегдоти.
Еден поранешен студент на Каракамишева ми раскажа дека двапати се расправал на предавање со неа. Првиот пат по нејзиното тврдење дека Франција нема морнарица затоа што не излегува на море, а вториот пат откако тврдела дека Џорџ Буш бил претседател на демократската партија.
Еден студент на „Филозофски факултет“ ми раскажа дека демонстраторката по предметот политичка философија не знаела, па си прашала: „Каков ѕид е тој Берлински ѕид?“ Станува збор за демонстраторка избрана од партиски советник и идеолог кој нагалено го викаме Хајдеген.
Што ми е поентата со анегдотиве?
Овие две анегдоти јасно посочуваат дека Универзитетот е одамна окупиран од страна на партиски подлизурковци и хајдегенерици.
Затоа, ова што сега се случува на Универзитетот не треба да се нарекува „Окупација“, туку ослободување на Универзитетот!
Жарко Трајаноски, Фејсбук, 14.02.15.

нема
14.02 2015
Оперирани од мозок се? Растоварени од прекумерна интелигенција?

А што велат експертите? Дека за разлика од Заев, добро е да се живее како заложник на Груевски? Експертите го осудуваат и објавувањето на прислушувани разговори. А не го осудуваат прислушувањето макар и на само еден човек. Се слушаат ли тие што зборуваат? Или се среќни дека некој друг ги слуша? Оперирани од мозок се? Растоварени од прекумерна интелигенција ли се?
Горан Михајловски; Вест, 14.02.15.

нема
14.02 2015

Препорачуваме

Нема веќе предавници на чело на државата

Има нешто добро во смената на власта во Македонија.

Изборните резултати не се позитивни за развојот на една (надежно) либерална демократија

Нашите избори – и кампањата и исходот – само ја намалуваат веќе оскудната нијансираност на политичката понуда.

Во челустите на пандемијата на деснило

Бранот на фашисоидната милитаризација ја плави цела Европа.

Македонија и „Биг Бенг“: историски лекции

На 1 мај 2004 на ЕУ ѝ се приклучија десет земји, од кои седум од поранешниот источноевропски лагер.

ОкоБоли главаВицФото