Боли глава

Сава човече, шта ти је бре, консолидиши се!

Нема веќе дружби како онаа на познатите „интелектуалке неутралке“. Под притисокот на власта групата се подели: две го предводат Професорскиот Пленум, што е значајно подобрување во пристапот, а последната, најмладата, најсугарето „се подаде“ и вресна самоисполнето: …Да сум јас на Ваше место, премиере, јас би била и построга кон колегите професори, кои се: распашани, крадат пари во мали групи (кога се крадело во големи групи?!), и се аздисани… Што е тоа автономија, Ви се молам, како да не! Па Универзитетот не е надвор од општеството!“ (заклучила генијалката млада и спикерка од скоро) Гледајќи каков крш маршира напред во име на владината наука и техника, дури и еден препотопски лик на социјалистичката образовна репресија, Сава-у- космосу, си помислил дека е тој за ваквите суви-геније и срочи, јеботе, нешто за либералното премостување кое го направил премиерот кон стабилизирање на либералното стопанство!? Сава човече, шта ти је бре, консолидиши се!
Љубомир Д. Фрчкоски, Либертас, 19.01.15.

нема
24.01 2015
Операција

Министерот Тодоров бил на операција на мозокот при што гомносерот му бил поврзан со устата така што гомната почнале да му излегуваат орално! Се’ е до мозокот, изјавил по тој повод американскиот едукатор кој со новата електрична лампа од Зеленото пазарче му го осветлувал шупакот на легнатиот министер. За жал, со операцијата не добивме нова ситуација, рекол човекот од Хјустон. Сега ќе дадеме налог да му се оперира газот со надеж дека конечно ќе допреме до неговиот мозок!
Бранко Тричковски, Фејсбук, 22.01.15.

нема
23.01 2015
Идиотизмот на ДПМНЕ не е само заразен, туку е и задолжителен!

Главниот Идиот вели: Не ги разбирам студентите зошто протестираат! И, веднаш потоа се јавува хорот:
Адеми изјави дека и тој не разбирал.
Судиите не разбирале зошто се протестира пред Апелација.
Сега и министерот за надворешни се изјасни, дека ни тој не разбирал зошто протестираат новинарите.
Во очекување сме овој опасен вирус кој на веќе глуп, те дооглупува да се претвори прво во епидемија, па потоа и во општа пандемија.
Имуни се само оние кои разбираат или се обидуваат да разберат!
Ивор Мицковски, Фејсбук, 21.01.15.

нема
22.01 2015
Ги осудуваме протестите против судските одлуки

Здружението на судии на Република Македонија ги осудува протестите против судските одлуки без разлика што е загарантирано правото на протест на секој, судските одлуки единствено можат да се преиспитуваат во судска инстанца и непримерно е да се попречува работата на судовите и притоа да се користи улична демократија за промена на одлуки која и тие кои протестираат се свесни дека не можат да ги издејствуваат надвор од институционалното и во судска инстанца преиспитување на судската одлука.

Здружението на судии на Република Македонија апелира во случајот „Кежаровски“ да не се користат навреди и омаловажувања на судовите и судските одлуки особено што ова не е прв пат, а Здружението веќе има реагирано на непримерните протести и вокабуларот на омраза што се шири на протестите.

Соопштение на Здружението на судии потпишано од претседателот Николчо Николовски; НоваТВ, 20.01.2015.

нема
21.01 2015
Шарли и Чарли

Читам, куририве мене, Тричко и Боки Бургија не’ споредиле со исламски терористи, со што нивниот Грујо добива статус на Шарли. Да им објаснам две работи. Прво, зборот Шарли не е скратеница од шарлатан, туку има друго значење. И второ, курац Грујо е Шарли - Грујо е Чарли. Тоа го знаат сите у маало...
Бранко Героски, Фејсбук, 16.01.15.

нема
20.01 2015
Се знае каква улога има жената

Традицијата си го кажа своето, како треба тоа да се направи, кој треба да го прави. Во Светата црква се знае кој е глава на семејството, кој го „носи крстот“ и каква улога има жената.

Никола Георгиев, свештеник во брегалничката епархија, објаснува зошто жените не смеат да скокаат по крстот; МКД.мк, 18.01.2015.

нема
19.01 2015
Со Скопје 2014 се штедат пари

Бенефитите од реализацијата на Скопје 2014 се повеќекратни и веќе видливи преку зголемениот број на странски туристи, заштеда на државата од по милиони евра кои досега одеа за кирии на институциите, стимулација на градежниот сектор, а да не заборавиме дека се унапредија состојбите за остварување на културата во нашата земја и условите за работа на уметничкиот кадар.

Реакција на Министерството за култура на прес на СДСМ, 17.01.2015.

нема
18.01 2015
Маска?!?!

По Скопје кучиња и мачиња шетаат па затоа прво нека ги соберат мачињата и кучињата таму, наместо да се грижат за некое куче мртво што го зеле василичарите. Јас се оградувам лично од маската, но не можам да се оградам од тоа дека карневалот од секогаш употребувал животни.
Цветомир Угриноски, градоначалник на Вевчани, реагира на критиките за наденатото куче на карневалот во неговиот град; Нова.ТВ, 16.01.15.

нема
17.01 2015
Една клетва и анатема

ЕДНА КЛЕТВА и АНАТЕМА (од мене лично)
ПРОКЛЕТИ СУДИИ!!!!
Проклети судии на Кежаровски и останато без'рбетно црвје! Гнаси извалкани и гадотии смрдени! Имињата ќе ви се испишат на црната страница на вечната темница од историјата на злото! Да Бог даде, да ви се сотре семката, за да не може да се репродуцира тоа клето ваше демонско семе во наредните генерации. Иднината на Македонија е во чистењето од ваквите како вас. И вие, исто како и ние, ЌЕ ИЗГНИЕТЕ 2 метра под земја, но во најголем срам и чемер!!! Ќе замижете со милион килограми олово што ќе демнат во вечноста над вашите смрдени души. Да Бог даде да не заспиете додека сте живи. АМЕН!!!!!!!!
Мимоза Ристова, Фејсбук, 16.01.15.

нема
16.01 2015
Што е политичка хипокризија

Што е политичка хипокризија?
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Андон Чибишев, во реплика на пратеничка (27.08.2014):
"...на почетокот на мојата реплика прво би сакал да ја замолам погрдно да не се обраќа на моите пациенти, да не ги нарекува наркомани, затоа што тие не се наркомани, тие се зависници од опојни дроги."
А месец дена претходно неговата партија го гласа Законот за прекршоци (во прво читање) во кој на десет места се употребува погрдниот збор "наркомани"!
Да не заборавам. И д-р Чибишев гласа ЗА законот во кој неговите пациенти се нарекуваат погрдно "наркомани".
Жарко Трајаноски, Фејсбук, 16.01.15.

нема
16.01 2015
Мене ми зборувате?!

Мене ми зборувате дека ние, професорите, студентите и сите слободни и слободномислечки луѓе во мојата држава (кои фала Богу, ги има сé повеќе) сме продолжена рака на партиската опозиција и на странските разузнавачки служби? Вие, кои државата која ја претворивте во партија, а партијата во држава, сосе Парламентот, судовите и медиумите? Вие, кои го нападнавте мојот роден град деформирајќи го до карикатуралност согласно вашата партиска историја? За која странска разузнавачка служба работите вие, со тоа што упорно и вулгарно ја оддалечувате мојата земја од Европа и европските вредности?
Гордана Попсимонова; Окно / Фејсбук, 10.01.15.

нема
15.01 2015
Законов е семтекс за високото образование!

Луѓе, закониве за високо образование се како да ги пишувале дрогирани ашашини, а овие ги носат како да им ветиле девици. Законов е семтекс за високото образование!
Огнен Чемерски; Фејсбук, 13.01.15.

нема
14.01 2015
Дали е конфликт на интереси ако градителите на СК 2014 во својство на штитеници на КПД Идризово бидат ангажирани во неговото рушење?

Ljubomir Sopovski Ми треба совет од поискусен. Имам дилема: дали е конфликт на интереси ако градителите на СК 2014 во својство на штитеници на КПД Идризово бидат ангажирани во неговото рушење?

Branko Trickovski Тоа е таканаречен конструктивен конфликт кој на штитеникот му овозможува посебен интензитет на страдањето!

Ljubomir Sopovski Е сега ми олесни. Инаку, идејата не е моја, туку на Ivan Spirovski, само дилемата е моја. Оригиналниот проект е Музејот на ВМРО да се пренамени во затвор и секое сабајле “градителите“, секој со својата кугла да со водат пешки до Капијата на македонските порази. Таму со мали ченканчиња да ја рушат, едно 20 години. Немам направено бизнис план, ама сигурен сум дека од туризам може добро да се заработи. Ги замислувам Јапанчињата со апаратчињата...
Фејсбук дијалог за СК014; 13.01.15.

нема
13.01 2015
Македонија како сув леб

Нема крај на ароганцијата на власта која ја троши Македонија како сув леб.
Владимир Милчин, Фејсбук, 12.01.15.

нема
13.01 2015

Препорачуваме

Изборните резултати не се позитивни за развојот на една (надежно) либерална демократија

Нашите избори – и кампањата и исходот – само ја намалуваат веќе оскудната нијансираност на политичката понуда.

Во челустите на пандемијата на деснило

Бранот на фашисоидната милитаризација ја плави цела Европа.

Македонија и „Биг Бенг“: историски лекции

На 1 мај 2004 на ЕУ ѝ се приклучија десет земји, од кои седум од поранешниот источноевропски лагер.

Лекцијата на палестинските новинари

За митот на независните новинари.

ОкоБоли главаВицФото