Боли глава

На сите на челото да ни се стави по еден жиг на Александар со буквата А - пак ќе бидеме Словени!

Утре може да се направат уште 50 споменици на Александар Македонски, на сите на челото да ни се стави по еден жиг на Александар со буквата А, но пак ќе бидеме Словени зашто таков ни е говорот, со такво потекло, структура, азбука, гласови, такви ни се верувањата и фолклорот. Можеме да се претставуваме како сакаме, да се преправаме во тоа што не сме, но тоа ќе остане во круг од 200 километри наша територија. Но, во пошироки светски рамки не можеме да се претставуваме така. Не заради Грците, туку затоа што тоа не е точно.
Слободан Унковски; Фокус, 24.10.14.

нема
24.10 2014
Проститутката што го сакаше својот Џек!

Фрлив еден поглед врз шареното деснолево-па-во-центар друштво што беше дошло да ги продаде своите букети за малку престиж и пари, тука пред споменикот на основачите на вмро и пред младите луѓе кои со помош на бронза во паштетите или на некој курс на “Конрад Аденауер” се претвораат во безживотни гардисти што не може да ги возбуди ниту Гордана Јанкуловска ако реши да им се прошета во најпредизвикувачката комбинација на ” Викторија сикрет” и стигнав, од казанот на таа глупава церемонија, да црпнам троа цврсти основи за мојата основна импресија на Денот на револуционерна борба на македонскиот народ за неслобода: Македонија е проститутка која не престанува да си го сака својот Џек Трбосек дури и по 121 убод!
Па ми текна да ги извадам парите со кои на времето ме корумпираа Црвенковски и Колемишевски и да ги вложам тие дваесетина милиони евра во еден филмски проект кој би можел да се вика ” Проститутката што го сакаше својот Џек”! Филмот во жанрот гомно би го режирал конзорциумот Манчевски- Попов-Митриќевски, а Љубиша Георгиевски би бил надрежисерот кој со својата режисерска палка би го чепкал говното пред секоја проекција!

Бранко Тричковски; Фејсбук статус, 23.10.14.

нема
23.10 2014
Градот речиси преку ноќ стана најгротескната европска метропола

Кои се демократските слободи оставени на граѓаните на Скопје, на пример? Градот речиси преку ноќ стана најгротескната европска метропола, пример за тоа што се можат полудените државни татковци и архитекти кога ќе им се присака малку да го „архаизираат“ градот.

Скопје е денес европски Дизниленд, град каде што има повеќе јавни скулптури на славни Македонци отколку Македонци; повеќе владини палати изградени од пластика и гипс од станови; и повеќе бесмислени тони бетон, бронза и цемент од било каде во светот.

Очајната скопска интелигенција ги искористи сите демократски форми на протест, и ништо не помогна: целиот град го населиле аматерските бронзени скулптури на приучена скулпторка...
Дубравка Угрешиќ; Пешчаник, 20.10.14.

нема
21.10 2014
Слободен печат против Политико?!

Сакам да ја известам јавноста дека во моментов уредникот на Слободен Печат, Бранко Геровски прави се што може за да го уништи новиот весник Политико. Па така, дистрибуцијата која го разнесува Слободен Печат одби да го разнесува и Политико иако го разнесува и Вечер?! Со тоа тие се откажаа од неколку илјади евра месечно што ќе ги заработеа од дистрибуирањето на весникот без никакви дополнителни вложувања, нивните комбиња и онака возат до сите трафики па ова ќе им беше само плус заработка!

Но овде не престануваат сопките на Бранко Геровски. Замислете тој им забранил и на локалните дистрибутери во градовите низ Македонија да не смеат да го дистрибуираат весникот инаку Слободен Печат нема да им се дава за дистрибуција, а бидејќи тој е сега етаблиран весник нормално е дека локалните дистрибутери ќе подлегнат на уцената и затоа ние сега не се дистрибуираме низ неколку градови во Македонија. Но ќе го решиме и тој проблем набргу, за се има решение само не за даноците и смртта.
Саше Ивановски; Мактел, 18.10.14.

нема
20.10 2014
Поддржувачите на СДСМ по аферата Актор нема да смеат да минуваат по коридорот 10?!

Ме чуди дека во интервју во кое се зборува за слободна пазарна економија, прослава на јубилеј на странска компанија се смета за „приватно-политичка забава„. Но уште поважно: изгледа дека „најголем дел„ од луѓето кои ги цитирате не ни ги прочитале официјалните партиски програми од неколку последни циклуси.

Ставот на СДСМ е кристално јасен и непроменет: Скопје 2014 година е проект на безумно трошење и неверојатна корупција. Уште во 2011, во програмата го напишавме тоа и појаснивме: „Некои од објектите кои имаат функционална и општествена оправданост ќе ги доизградиме и пуштиме во употреба (објектот на Македонската филхармонија и Стариот театар)„. Како што гледате, ниту еден наш став не сме промениле, па дури ни со посета на јубилеј на една странска фирма.

Не знам зошто тогаш тоа било оправдано, а сега е „давање легитимитет„. Зарем мислите дека е логично тогаш да кажеме дека ќе ги „доизградиме и пуштиме во употреба“, за да потоа веќе во нив не влегуваме? Или дека поддржувачите СДСМ по аферата Актор нема да смеат да минуваат по коридорот 10?

Нашата задача како идна власт во оваа држава не е да кружиме во лак околу криминалните зделки на оваа власт, туку кривично да ги гониме оние кои искрадоа речиси пола милијарда евра криејќи се зад Скопје 2014.
Радмила Шекеринска; Фактор, 19.10.14.

нема
19.10 2014
Времето работи за Путин

Временските, климатските промени кои се предвидливи и мерливи, покажуваат дека во воздухот се создава голема влажност. Последиците од тоа се големи океански бранови кои од просечните неколку метри, сега се издигаат со просек над десетина метри, и наскоро дваесетметарските бранови ќе бидат редовна појава во океанските бури. Со ова, трговијата со бродови преку океаните станува ризична и скапа. А САД, без трговија преку море, се сериозно загрозена економија.

Најголемата воена предност на САД е нивната морнарица. Дали е потребно да се спомнува колку нејзината мобилност е ограничена со новите климатски промени... Тие ќе мора да бараат нови, големи поморски воени бази, во далеку поголем број од сега, а тоа се нови пари кои САД веќе ги нема. Па, ако не може со пари, ќе мора со сила. А тоа се нови војни и нови дестабилизации на влади и држави кои ќе бидат цел на тие намери.
Драган Павловиќ Латас; Вечер, 12.10.14.

нема
17.10 2014
Дес­ни­ца­та соз­дава, а ле­ви­ца­та троши

Јас­но е де­ка сум дес­ни­чар­ски оп­ре­де­лен. Сме­там де­ка дес­ни­ца­та соз­дава, а ле­ви­ца­та троши. Еве, во по­след­ни­от пе­ри­од се соз­да­ва­ат ра­боти, ник­наа згради. Иде­о­ло­ги­ја­та на дес­ни­ца­та е иде­о­ло­ги­ја на ште­де­ње и соз­да­ва­ње ви­шок, кој ле­ви­ца­та тре­ба да го пот­ро­ши.
Милош Лин­дро, поет и до­бит­ни­к на држав­на­та наг­ра­да 23 Ок­том­ври, објаснува како режимот што потроши триесетина милијарди евра (од кои барем пет милијарди евра во кредити) всушност создава „вишок“; Плусинфо, 15.10.14.

нема
15.10 2014
Во декември ќе се апси Дедо Мраз

Среќа што овогодинешниот Извештај на ЕУ не ни го презентираа во декември - бидејќи тогаш за да ја дефокусира јавноста власта ќе мораше да го апси и Дедо Мраз. Вака ќе мора да се задоволиме со борба против еболата.
Васко Ефтов; Фејсбук / Мактел, 12.10.14.

нема
13.10 2014
Против Луксембург Господ нѐ награди на крај

Почнавме многу добро со комплетна контрола на играта од наша страна. Но, по пехот меѓу Мојсов и Демири се направи една непотребна паника, па Луксембуржаните тоа го искористија. Но, на крајот Господ нѐ награди затоа што сите играчи се бореа максимално на теренот, па заслужено дојдовме до трите бода.
Томе Пачовски, фудбалски репрезентативец; Екипа, 10.10.2014.

нема
10.10 2014
Вие сега судете што е нормално!

Пред две децении се предлагаше закон со кој државата ќе им ги плаќа придонесите на фирмите за сите нови вработувања во првите две години. Тогаш тоа беше скандал, зашто дупката во пензискиот и здравствениот фонд ќе се зголемела на „фантастични“ 30 милиони евра годишно. Сега дупката во истите фондови е поголема од 35 милиони евра месечно, државата им ги плаќа придонесите, ама на странските фирми во индустриските зони, каде што заштедата оди надвор наместо да остане дома, а од наредната година дупката ќе се пополнува со наплата на придонеси и од хонорари. Па вие сега судете што е нормално.
Петар Арсовски; Утрински весник, 08.10.14.

нема
09.10 2014
Може ли Заев деновиве да осамне во Шутка?

Станува појасно зошто и Груевски исто одговорил како и јавниот обвинител Зврлевски кога Заев го прашал дали се водат посебни истражни мерки против него како претседател на најголемата опозициска партија за време на предизборната кампања. Груевски одговорил „не можам да ти кажам викенд е“. Но изјавата на Зврлевски повеќе упатува на тоа отколку што негира дека против Заев можно е да се водат одредени истражни мерки...односно да бил прислушуван. Може ли тоа да значи дека Заев деновиве ќе осамне во Шутка.
Ерол Ризаов; Утрински весник, 06.10.14.

нема
07.10 2014
На Груевски му се слошило за време на интервјуто на Спиро Ристовски

Слушам дека на премиерот Груевски му се слошило додека го слушал краткото интервју во кое неговиот пулен Спиро Ристовски, пред камерите на Сител рече, во малку послободна интерпретација на мојата маленкост, дека дисперзијата на високото образование во Македонија произведува “морони” кои не знаат што да прават со дипломите што ги добиваат на бројните универзитети кои, пак, за да избегнат банкрот, го спуштаат нивото на образованието за да можат да произведат повеќе дипломи и дипломци за пониска цена по единица “морон”. Државата ќе се бори со оваа шокантна пракса преку некакви државни испити по втората односно четвртата година од студиите!
Во настојувањето да ги образложи мотивите за бесмисленатата идеја за државните испити, Спиро се занесе толку многу што во тие три- четири минути успеа да ја утврди како катастрофална една од клучните реформски политики на својот партиски и владин шеф: дисперзијата на високото образование, неговата идеја секој да може да студира во племната на дедо му, неговата идеја да се урне ”комуњарскиот” елитизам во високото образование, неговиот проект да го доближи високото образование до широките народни маси! Спиро мисли дека на тој начин во Македонија се произведуваат неквалитетни високошколски кадри што јас ги викам морони. И тој, а и јас, сме во право. Но, како што знаеме, главни оперативни директори во таа моронска слободна зона беа Спиро и неговиот претходник пред да премине на уништувањето на уште еден сектор, здравството- Тодоров! Но, Спиро, реков, се занесе и заборави дека идејата на неговиот шеф и беше да се произведат морони на кои (и на нивните фамилии, јасно) потоа ќе им биде мило да гласаат ко морони, односно за вемерето!
Мислам дека пред да ја спроведе идејата за државните испити, Спиро ќе наебе. Прво ќе наебе од Груевски, а второ, кога ќе му дојде времето, ќе наебе и од нас оти на идејата за државни испити ние мислиме да парираме со идејата за државни затвори: за Спиро, за Тодоров и, се разбира, за нивниот шокиран шеф!
Бранко Тричковски; Фејсбук статус, 05.10.14.

нема
06.10 2014
Што ли се случува зад кулисите во македонската политика?

Кога ја правевме автобиографската книга "Тоа сум јас" со Љубчо Георгиевски, во една прилика се шокирав кога на врата од неговиот кабинет се сретнав со Орце Камчев кој излегуваше од кај него. Никако не можев да си објаснам себеси што бара кај Љубчо човекот кој поседува пола од медиумите во државаа и ја прави ренде опозицијата, човекот кој во ерата на Груевски стана газда на речиси пола Македонија, човекот кој безмалку 24/7 е во друштво на Сашо Мијалков за кој вели дека се пријатели од детство. Истиот Камчев беше виден и на прославата на Бобо Дајнерс со Радмила и Заев?! И сега какви прашања овде човек да си постави себеси?! Со чии пари камчев гради империја, дали се тоа парите на Љубчо кој овој под закрила на власта ги врти и враќа во легален тек?! Зошто Љубчо молчеше за аферата со Нини и процесот против Заев кога Македонска Банка е проект на Љубчо Геориевски, дали преку Орце Камчев, Љубчо е во договор со Груевски и не е кривично гонет иако гради хотели и поседува милиони а цел живот бил на јавни функции и богатството не го наследил или заработил, дали Камчев пак преку Љубчи и преку Бобо Дајнерс си ја купува слободата за да кога ќе дојде на власт СДСМ раководена од Заев и Радмила го остават на раат и не го апсат како што тоа го правеше Бранко пред 10 години?! Што ли се случува само зад кулисите во македонската политика, какви ли само тоа перверзија се одвива делеку од очите на македонскиот народ?!
Саше Ивановски; Мактел, 04.10.14.

нема
05.10 2014
Заев ги штити и Груевски и Македонија?!

Поседуваме податоци кои ако ги објавиме Груевски ќе треба да си даде оставка за три дена, но и државата ќе доживее неверојатен срам!
Зоран Заев во емисијата Вин-Вин; 02.10.14.

нема
03.10 2014

Препорачуваме

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

ОкоБоли главаВицФото