Боли глава

Дебарско Езеро и Јапонско Море

Какво е тоа промовирање на патриотизмот во медиумите, кога во истовреме власта дозволува да се веат туѓи знамиња на македонска територија, масовно да се прославува празник на туѓо знаме, му се дозволува на едно малцинство да менува преку ноќ имиња на македонски вековни топоними или се замижува кога на разни училишта им се даваат имиња на балисти кои во тој крај за време на Втората Светска Војна, палеле македонски куќи, силувале Македонки или стрелале борци против фашизмот? И згора на сѐ, принудени сме да гледаме и слушаме разни шлакнати типчиња од преродбеничка провиниенција како тврдат дека Господ прво ги создал Македонците, а после од нив настанале сите останати до Јапонското Море. А бе ние не можеме без дозвола на општинските проалбански власти веќе ни во Дебарско Езеро да се избањаме, а камо ли во Јапонско Море!
Сашо Тасевски; Форум Котле, 23.01.14.

нема
24.01 2014
Шарпланинецот поштено си го заработува лебот

Значи Миленко пак се обидува да ги спинува работите. Тој смета дека ставот на оние луѓе кои се против тоа државата да дава субвенции за шарпланинци е став за нивно истребување. Тоа е голема глупост. Шарпланинците опстанале со векови во Македонија, не поради тоа што имало субвенции туку поради тоа што Шарпланинецот е корисно животно и сточарите имаат корист од него, Шарпланинецот поштено си го заработува лебот. Она што ние сме против е државата да си ги наградува своите полтрони со наши пари. Најголема корист од субвенцијата на Шарпланинци ќе има Миленко кој на својата фарма чува над 80 Шарпланинци. (...) Тој реално има потреба од 5 Шарпланинци, но тој чува вистинска глутница затоа што му е досадно во животот, нема семејство во Македонија а и нема некоја сериозна работа освен дремење на Ленинова и еднаш емисија дневно во која одработува за Грујо. Практично ние од наши пари сега ќе го плаќаме Миленко да си игра со кучињата по планините и да се тркала со нив како морон по ливадите. Браво за ова Грујо, стварно сте генијалци!
Саше Ивановски; Мактел, 20.01.14.

нема
23.01 2014
Кривогаштани и Центар

Вака изгледа навистина смешно, кога четириесет и кусур општини го зеле градежното земјиште под своја капа, а Општина Центар речиси една деценија по донесувањето на фамозниот Закон за децентрализација сеуште не може да располага со своите парцели, кои, патем речено, се најскапи.
Затоа Општина Кривогаштани ќе може да им подарува земјиште на сите ергени и моми што ќе се решат да стапат во брак и оформат семејство, а скопски Центар сеуште ќе работи по диктатот на само една Фамилија,
Владо Апостолов; Фокус, 17.01.14.

нема
22.01 2014
Перо Наков б.б. и Градски парк б.б.

Во злосторничкото здружение „Пајажина“ дузина фирми, нели, беа на иста адреса Перо Наков б.б.! Оние на иста адреса Градски парк б.б. веројатно сега ќе се истретираат како некакво патриотско здружение! Патриотска пајажина?!
Јадранка Костова; Фокус, 17.01.14.

нема
21.01 2014
Ликот на Бонева на фасада

Откако го продадовте целото земјиште во Центар, сега си најдовте нов начин за криминал, па ќе правите фасади во барок. Законот вели дека со одлука на Советот може да се измени фасадата на зградата, без разлика што станарите не се согласуваат со тоа. Може едно утро да станете и да видите дека пред прозорот од станот имате поставено скеле и некој ви тропа на врата и вика кај собата каде што спие вашето бебе сега треба да биде тераса или прозор во барок. Замислете советот на општина Струмица да донесе одлука дека куќата на пратеникот Васил Пишев е од стратешко значење и на фасадата да го направи ликот на Славе Гошев или на Силвана Бонева, не знам кој е позаслужен во партијата од нив двајцата.
Јани Макрадули; Плусинфо, 20.01.14.

нема
20.01 2014
Сè беше прекрасно, само имаше мал проблем

Сè беше прекрасно. Единствено ми беше невкусно и необично што попот чиноначалствуваше на лош англиски јазик пред македонски верници баш во услови кога го браниме македонскиот јазик. Па се израдував кога падна од чамецот во водата.
Јован Радњански, поп пејач, присуствувал на фрлање на крстот во Перт, Австралија; Вест, 18.01.14.

нема
20.01 2014
Не е виновна Ивона туку Лимба!

Ивона Талевска со која, за да не се стекне погрешен впечаток, и не сум нешто особено близок, е новинар-уредник, кој, се допаѓало тоа некому или не, има свои ставови и погледи на нештата, критички опсервации кон сегашната опозиција, отворена поддршка за низа владини активности и проекти, но сето тоа не претпоставува да ѝ го менуваме идентитетот и таа да почне да се одѕива на името Лимба и, велам, без никаков доказ да ја ставаме во матни замешателства. Не знам, можеби и има нешто неетичко во промените настанати по склучувањето на договорот, но ако е тоа и евентуално така, тогаш белегот на сето тоа, заедно со последиците, логично ми е да заминат на друга адреса - кај мајката на мојата колешка. Меѓутоа, речиси сум уверен дека озборувачката Петра и комшилакот од Бихаќска не се многу заинтересиран за родителот, туку дека токму палавото дете е причината за нивните нови „откритија“ за криминалот во државата.
Милан Банов, прорежимски колумнист; Нова Македонија, 17.01.14.

нема
19.01 2014
Со вакви народи и со нивните елити, самоубиството изгледа како happy end

Да се тврди дека без Сараевскиот атентат не би се случила Првата светска војна, е подеднакво несериозно како да се толкува тој настан од денешен, емотивно-политички дискурс. Меѓутоа, зборуваме за Босна и Херцеговина, земјата во која, да речеме така, историјата е трајна состојба, додека односите меѓу нејзините народи се такви што денес Гаврило Принцип не би пукал во Фердинанд туку во себе. Со вакви народи и со нивните елити, самоубиството, да го парафразираме Андреј Николаидис, изгледа како happy end. По можност - колективно.
Емир Имамовиќ Пирке; Окно, 16.01.14.

нема
18.01 2014
Тони е едно големо разочарување за сите нас

Тони е едно големо разочарување за сите нас. Сите ние сме излажани од пејачите и од актерите затоа што ги гледаме во нивните спотови, песни, нивните филмови и драми. Но забораваме дека тие таму се само актери, глумци, изведуваат перформанс кој друг го обмислил, напишал, креирал. Надвор од драмите, филмовите, песните, спотовите итн. актерите и пејачите и речиси сите наши славни фаци се едни обични ропаци утепани подложни на поткуп на омраза на ниски удари на гадно лично однесување... Дури и самите писатели се избрукаа со она срамно поклонување пред Грујо на Венко и Ферид во МНТ. МПЦ, МАНУ и останатата уметничка елита која е толку среќна во скутот на Грујо навистина го иницира прашањето за тоа каде е по ѓаволите скриена човековата доблест храброст достоинство чест добрина и дали воопшто таа постои или сите ние сме проклети гадови?
Саше Ивановски; Мактел, 04.01.14.

нема
17.01 2014
Грујооо ти си цаар, ти си најпаметеен, најдобаар...

Напред опозицијо, од сите партии, продолжете така, афери има колку сакаш, кај да се завртиш се’ е општа пљачка, погледнете како само се расфрла режимот со пари на своите полтрони и трубадури: Русјаков си доби 200.000 евра за филмче, Бичиклиски си доби 200.000 евра за да си прави турнири во фудбал, Миленко си доби емисија на радио и субвенции за шарпланинци, Јанко си ја вработи жена си на радио и самиот сега има емисија на радио, на тв и си направи и веб сајт, Ивона и Латас си добија милиони во тендери плус платите од Вечер и Сител, останати режисери си добија пари за филмови, Тони Шанац си доби работа во МНТ плус плати за водење неколку емисии на МТВ, абе пари фрчат на сите страни и сите во хор на цел глас пеат: Грујооо ти си цаар, ти си најпаметеен, најдобаар... Хор на продадени пизди смрдени платенички курвински...
Саше Ивановски; Мактел, 16.01.14.

нема
17.01 2014
Министерот е фатен; но рибата смрди од главата

Јас кога прв пат го чув министерот дека е шокиран од неетичноста на тендерот, мислев дека можеби ја говори вистината. Но кога сега го гледам дека одбегнува одговори, гледам дека не е така. Не сум дал на татко и стрина, се брани министерот. Омилената уредничка ве вика сто пати на вести и ви вика колку сте паметен и колку убаво работите. Вие велите дека ова не е корупција? Не е татко и мајка, но печали милиони евра. Ова е корупција на медиумите и ја гледаме во најбезобразна форма. Сега се бесни и другите новинари кои работат за 300 евра, а омилените уредници земаат по илјадници евра.
Министерот е фатен 100:0. Но тој е само извршител, знаеме кој одлучува? Но тој доаѓа и ни држи лекции. Ние не сме корумпирале медиуми. Вие пратениците не смеете да му дозволи на министерот да си ги пере рацете. Кога ќе ја објави целата тендерската документација? На кои клиники е испорачана опрема и со кои е потпишан договор? Зошто болниците на кои им праќа опрема, велат дека веќе ја имаат? Министерот е фатен. Но рибата смрди од главата. Корупцијата на медиумите ја смисли првиот човек на Илинденска б.б. Министерот Тодоров е само извршител.
Радмила Шекеринска, во Собрание; Плусинфо, 16.01.14.

нема
16.01 2014
Сепак нема да го кутнете мојот Владетел од престолот!

Како што стојат нештата, ќе треба уште многу чифта железни опинци да искинете, а сепак нема да можете да го кутнете Владетелот од престолот, за што скапо ќе платите пред вжештениот трозабец на вашиот господар, кој, како што гледам, има се' помалку трпение за вашата неспособност.
Ацо Станковски; Утрински весник, 14.01.14.

нема
16.01 2014
Кој си бре ти Илија Димовски?

Кој си бре ти Илија Димовски? Да не си ТИ оној Св. Илија на кого во галоп му прдат расните коњи над ниските облаци во август, а овде мислиме дека грми? Да не си ти тој Илија громовник на кој расните коњи фрлаат чифтиња по божествената калдрма над облаците, а овде доле мислиме дека светкаат молњи? Или си ТИ оној Илија на кој кога ќе почне да моча од балконската ложа на новиот театар, оние доле да мислат дека врне пријатен пролетен дожд...? Немој бе Иљо, немој (не)среќо, немој данас...
Боки Бургија; Плусинфо, 14.01.14.

нема
15.01 2014
Кој си бре ти Илија Димовски?

Кој си бре ти Илија Димовски? Да не си ТИ оној Св. Илија на кого во галоп му прдат расните коњи над ниските облаци во август, а овде мислиме дека грми? Да не си ти тој Илија громовник на кој расните коњи фрлаат чифтиња по божествената калдрма над облаците, а овде доле мислиме дека светкаат молњи? Или си ТИ оној Илија на кој кога ќе почне да моча од балконската ложа на новиот театар, оние доле да мислат дека врне пријатен пролетен дожд...? Немој бе Иљо, немој (не)среќо, немој данас...
Боки Бургија; Плусинфо, 14.01.14.

нема
15.01 2014

Препорачуваме

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

ОкоБоли главаВицФото