Боли глава

Пивтијада од неокласика со елементи на барок

Може ли некој барем да нѐ потсети на тој историски чин кога граѓаните на овој град, мртви гладни за нов вредносен систем, се одлучија токму за ова околу нас? И баш за: циркус „Македонија“, филмски кулиси покрај Вардар, едно големо Ништо, „културен“ нарцизам и изолационизам, идиотизам?! И понатаму, кога велат „за себе и по свое“, мислат на: старо-новиот театар „Александар I Караѓорѓевиќ“, некогашниот Офицерски дом, или вртелешкана за будали, или очекуваното Големо Тркало… или можеби пивтијадата од „неокласика“ со елементи на „барок“? Тоа ли е долгоочекуваното наше, „за себе и по свое“, и за кои тоа „себе“ и за чие тоа „свое“ говорат? И ако за ракијадите и пастрмајлијадите дури и можеме да најдеме историски корени, каде би ги барале овие „за себе и по свое“? (...) Понатаму, дали во тој нов вредносен систем спаѓаат и сите оние „скулптури“ низ централното градско подрачје? Сите оние плагијати, најдрско искрадени преку интернет и тупосани среде град да се чудат луѓето? Што ќе рече дека примерот на новите вредности се оние рахитични лавови со огромни глави кои нѐ пречекуваат пред модернистичкиот мост „Гоце Делчев“ со веќе рѓосана плехана „барокно“ разиграна ограда премачкана со златна боичка? За тој ли вредносен систем говориме? Или, ги загледал ли некој оние стотици метри „релјеф“ под „спомениците“, ја видел ли таа новотарија од страв и ужас, на луѓе пресечени до колена, со неартикулирани движења и несразмерни делови на телата, со кошмарни ликови? Или оние ѕидови и парапети од стиропор, премачкани со трошка малтер?
Златко Теодосиевски; Окно, 09.04.14.

нема
11.04 2014
Пенисодржачот на Грујо го прележа мандатот како путка под јорган

И после цел мандат прележан како путка под јорган, сега тука пред цела нација на МТВ ми глуми државник, нешто ја смуртил фацата и дели лекции. Абеее бееегај таму бре суртук еден утепан непрокопсан, бруко една незапамтена, не остави и нас новинарите на цедило кога не исфрлаа од собрание, кога не казнуваат со десетици илјади евра, кога ни затвораат медиуми и кога не бркаат од работа, ќутиш за сето тоа иако си некаков екс промотор на граѓанско општество, и бранителите ги остави на цедило, и опозициските пратеници ги остави на цедило, ги остави на цедило и сите кои им застанаа на патот на Грујо и Мијалков и затоа беа згазени како со шлепер, сите ги предаде иако требаше да бидеш коректор на владата, требаше да бидеш уште една извршна власт, ти цел мандат беше пенисо-држач на Грујо, ќутеше и му го држеше патлакот на премиерот цел мандат и затоа сега нема никого да убедиш дека си нешто повеќе од тоа. Добро некого ќе убедиш, ама малку се тие мамлази кои ќе ти поверуваат. Може Бетмен и Пимен и Антиќ и такви политички клапаци, но малку се тие...
Саше Ивановски; Мактел, 05.04.14.

нема
10.04 2014
Во демократија и на Господ треба да му се помогне

Во демократија и на Господ треба да му се помогне. Господ сè сам не може, треба да се излезе на избори и да се гласа.
Ѓорге Иванов; Плусинфо, 08.04.14.

нема
10.04 2014
Направивме ли некому некоја штета?!

До 2011 имавме 63 пратеника. И што лошо направивме?! Направивме ли некому некоја штета?!
Никола Груевски, човекот кој од Македонија направи, заедно со Фамилијата, темен вилает и апашанат; Сител (Јадибурек) / Либертас, 09.04.14.

нема
09.04 2014
Влегуваат во сите можни опортуни простори за да го закотат во нив својот одвратен експиријанс

Ризикот на нивните адепти им е неприфатлив поради консеквентниот фанатизам, кој честопати предизвикува неподнослива болка за нив самите, па и смрт – не дај Боже, појава во природата, од која безглаво бегаат, бранејќи го панично својот конформистички капитал, всушност, нивната стратегија е големата глупост и уште поенормната упорност со која напредуваат полека, но сигурно, како волови на ливада. Ова напредување им се овозможува како колатерала на се' поотворените процеси на демократизација што се одвиваат во цивилизираните општества. Љубезните и деликатните личности отстапуваат згрозени од лошиот вкус на овие заблудени, но упорни протагонисти на скрибоманијата, што како крлежи влегуваат во сите можни опортуни простори за да го закотат во нив својот одвратен експиријанс и уверувања. Навистина, стануваат се' посилни, со оглед на нивната бројност и бескрупулозност.
Ацо Станковски, идеологот на режимот и на антиквизацијата, се успаничил пред избори; Утрински весник, 08.04.14.

нема
08.04 2014
Еден ден ќе биде потребна акција на минирање

Многу работи видов на пат од аеродром до центарот на градот. Ги видов билбордите и веднаш го забележав ликот на интелигентен маж со очила и прашав кој е тој. Ми се допадна и изреагирав како жена. Прашав кој му е противкандидат, но не смеам да кажам за весник, што реков. Понесов и фотоапарат со себе и планирам да ги сликам градбите и спомениците една по една. Не можев да поверувам што се' има. Мојата теза е дека на сите грди работи во архитектурата, човек со време се навикнува, па дури еден ден можеби ќе му се видат и убави. Кога ги поставуваа 7-те пагоди со рубинови ѕвезди во Москва, сите ги исмејуваа. Денес се тие убави и без нив Москва не би била тоа што е. Се плашам дека Скопје е радикален случај на претерување, што тешко е човек да се навикне. Она што го видов на доаѓање и во темница е страшно. Повеќе мислам на скулптурите отколку на зградите. Се' е толку големо и натрупано, па ми се се чини дека еден ден ќе биде потребна акција на минирање.
Дубравка Угрешиќ, писателка, се соочува со Скопје; Утрински весник, 07.04.14.

нема
07.04 2014
Глупавиот и поглупавиот

Ги разбира луѓето затоа што самиот е дел од нив, еден од граѓаните.
Влатко Ѓорчев, за Ѓорге Иванов; Дневник, 04.04.14.

нема
05.04 2014
Иванов и Пендаровски - Кока Кола и обичен сок

Видете, противкандидатот, најнормално знаете, противкандидатот е една разлика меѓу мене и други кога кажувам Кока-Кола и обичен сок - таква е разликата. Знаете што, ова му е втор мандат, се докажал Ѓорге Иванов, а овој е нов, му треба време да се докаже.
Амди Бајрам; Плусинфо, 03.04.14.

нема
04.04 2014
Како Саше и кравата Шарка се олеснувале - забележал Милан Банов

Саше Ивановски, апсолутно сум уверен во тоа, не се родил ваков каков што е, но се родил во некоја селендра, тешко забележлива и на топографските карти, во за него природното опкружување, меѓу лепешките и кравите. И онака, додека заедно со другарка му Шарка се олеснувале на ливадата, тој „филозофски“ се загледал во просторот и сфатил дека сета бесполезност од неговата опстојба, целото незадоволство, фрустрација, комплекси се резултат на средината во која опинокот не е само нешто што служи само за обување, туку и суштински му го определува животот, кутар и никаков. Тогаш, зел грутка земја, се забришал, ги слекол опинците, гордо го наденал смешното име Политико и тргнал да го освојува светот.

Но може ли човек да побегне од себе, од своето потекло, од мувосерините што навлегле и во главата, конечно, од својата Шарка. Затоа во неговиот куфер, кој и денес ачик го отвора пред нас, ги понел руралниот дух, сета своја селска мака и омраза кон урбаното, сиот примитивизам и простотилак слушнат пред селската кооперација, сета лажна претстава дека вулгарноста е, како што вели, „кул“ и „ин“, сета лигавост собрана од трагите на полжавите што ползеле по ѕидот на селската куќа, сета покондиреност набрана од тиквите во дворот, сиот ум позајмен од селската будалетинка... И сето тоа го ставил во себе и го покрил до препознатливост со оној смешен костум и уште посмешна вратоврска, која ќе го потсетува на ортомата и на оглавот на магарето од неговиот роден крај.
Милан Банов, бивш новинар и вечен послужител, „храбро“ си одбрал мета за стрелање; Нова Македонија / Мактел, 02.04.14.

нема
02.04 2014
Зошто сметам дека политичката идеологија на ДПМНЕ е предавничка

За да се храни од стравот и инфериорноста на Македонецот, ДПМНЕ ја создава, развива и искористува сликата за него, како вистински и автентичен само доколку е омразен и опкружен со непријатели (архетипот за македонската Црвенкапа и четирите волка), кои му работат за главата, како изолиран и отфрлен од светските центри на моќ. Како предмет на омраза и завера од неговите сограѓани Албанците, од кои треба постојано да се брани и да ги мрази „држејќи ги под контрола“!(...) Како народ поделен однатре во постојан штрек и во потрага по внатрешни предавници (кои се осмелиле слободно да мислат и да се згадат од нивниот архетип за инвалидот-Македонец). Сето тоа е хумус на идеологијата на ДПМНЕ за автентичниот Македонец, од којшто оваа партија се храни и политички профитира. Таа се рекламира како единствена која го брани ваквиот „Македонец со посебни потреби“ од сите погоре спомнати аждери! Овој погубен проект на ДПМНЕ успева да го опие Македонецот во овие последни осум години агонија и пропаѓање.

Затоа сметам дека политичката идеологија на ДПМНЕ е предавничка идеологија.
Љубомир Д. Фрчкоски; Либертас, 01.04.14.

нема
01.04 2014
Три принципи

Тие што не ме знаат, знаат дека имам три принципи.
Ѓорге Иванов; Либертас, 30.03.14.

нема
30.03 2014
Тачи е увежбан

Тачи е увежбан, само треба да го повтори тоа што пред години еднаш како што прикажуваат го сторил. И затоа, денеска во Сушико на менито за Тачи немало потреба од магичните печурки. Се виде, тие добро делуваат на војводата, се изнахалуцинира, ма митинзи, ма лупетање колку бил мек или тврд Грујо и такви нешта.

Денеска според ЈАВКАТА, бате Саше за Тачи спремил свежа морска риба. Рибата добро влијае на мозокот, го разбиструва, а тоа и наводно му била целта на бате Саше. Да го врати Тачи во деновите пред години за да припомогне во штотуку обелоденатата нова полициска акција МРЕЖА како што ја крстила Гоци. (...)

Имаше една приказна, верувам Тачи поубаво ги знае деталите, за некакви шишенца со капки за очи за деца пакувани во една Јака фабрика чинам на југоистокот од државава. Течноста, наводно идела од Србија, се полнела во Македонија и заминувала во Албанија, а од таму во белиот свет. Е сега, тоа што не биле капки за очи за деца, туку нешто друго во течна состојба, се’ ми се чини дека деталите се кај Тачи.
Ацо Кабранов; Либертас, 28.03.14.

нема
28.03 2014
Казахстан - ја знаете по хемија!

Нивниот претседател вели – Ја знаете по хемија, сте го учеле Менделеевиот периодичен систем? Нема елемент во тој периодичен систем кој го нема на територијата на Казахстан.

Ѓорге Иванов, во интервју на Сител 3, во емисијата „Јади бурек“; А1 он, 27.03.14.

нема
27.03 2014
Плавиот камен за умствени проблеми

Кога дошла во Скопје, Дојчиновска однела во Геолошкиот завод некој плав камен, кој го нашла кај гробот. Скопските научници излегле со божествено откритие - дека тоа е вулкански камен, има висока алкалност и благодарение на него, војниците на Александар оздравувале доколку имале стомачни проблеми.
Се разбира, имам голема желба да биде најден гробот на Александар Велики, и тоа баш во Свети Николе. И токму таму да најдат некој камен, не мора да е плав, може и црвен, сеедно - и да се упатат, полни со неспокој и возбуда, до научната елита во Геолошкиот завод. Се надевам дека нечии денешни војници ќе го употребат во вистински цели - да оздрават доколку имаат умствени проблеми.
Биљана СЕКУЛОВСКА; Вест, 22.03.14.

нема
26.03 2014

Препорачуваме

Дали крајот вака мириса?

Колумнава е објавена пред 13 месеци.

Нова стратегија

Пет песни: Нова стратегија, Премијера, Царство, Елегија и Прашање на влијание. Графики: Frans Masereel.

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

ОкоБоли главаВицФото