Боли глава

Темелна размисла и исконски одговори

Инаку најекспресивна изјава неделава, за и околу идиотизмот на преродениот Македонец е онаа на А. Станкоски, алиас Рембрант, дадена во серија со некои негови пљампаници во еден неделник. Сигнификантна е како израз на јаловата вознесеност на преродените мутанти исправени пред црната плоча (Одисеја 2001) на големите прашања на историјата, кои ги чекаат демек нив за да бидат одговорени! Рембрант ја остава за момент коската што ја држи в раце и со кататоничен поглед по хоризонтот, стресува: „…Она што недостига е темелна размисла (sic)…анализа и доаѓање до исконските одговори на нештата...“ Јеботе „мисао“! Кратка и конфузна, полна со себе и празна со сè останато. Јако преродени… јако и јебитачно!
Љубомир Данаилов Фрчкоски, дневен „Фокус“, 11.12.12.

нема
14.12 2012
Темелна размисла и исконски одговори
нема
14.12 2012
Макијавели via Ајнштајн

Како што рекол Ајнштајн, целта ги оправдува средствата.
Сузана Анова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ; „Плусинфо“, 12.12.12.

нема
13.12 2012
Македонија доби време од ЕУ

Имаме моментум во проширувањето на Балканот и тоа е добро. Заклучокот за Македонија има интересни елементи и вашата земја доби време, временска рамка која ќе овозможи почеток на преговорите за членство во Европската унија.

Карл Билд, министер за надворешни работи на Шведска; „Утрински весник“, 12.12.12.

нема
12.12 2012
Скопје=Њујорк=ЛА

...значи, ми раскажа една прекрасна урбана прикаска за група пријатели од Лос Анџелес, кои прв пат дојдоа во Скопје. Имено, кога во ведрата приквечерина слетувале на скопскиот аеродром, кружејќи во благ понирачки овал над мегалополисот, доживеале „twilight zone“-ефект. Во еден момент почнале да чувствуваат дека по некаква грешка авионот ги вратил назад во Л.А., толку конфигурацијата на урбаните структури им заличела на нивниот град. Секако, оддалеку. Нешто слично ми се случи и со еден пријател од Њујорк, кој ми беше гостин во далечните осумдесетти. Често шетавме низ разните населби на овој голем град и тој често знаеше да има дежа ви чувство или да препознае непоимливи сличности на одредени места во Скопје со места во Њујорк. За баталјонот хејтери и нивните комесари, сето ова е ступидно и нестварно. Но, со малку имагинација животот станува поподнослив, господа.
Александар Станкоски, „Утрински весник“, 11.12.12.

нема
11.12 2012
Приватен сопственик по службена должност

Сопственик на „СГС“ е директорот на УБК Сашо Мијалков, приватен сопственик на Република Македонија по службена должност...
Зоран Божиновски, „Буревесник“, 09.12.12.

нема
10.12 2012
Ѓаволски добро

Членовите на комисијата можеби не се доволно познати на јавноста, но ѓаволски добро ја знаат работата на која се посветиле.
Љубинка Корабоска, претседателка на државната агенција за спречување корупција; „Утрински весник“, 07.12.12.

нема
09.12 2012
Сељак на сељак

Колку и да се зарекував дека повеќе нема да го коментирам „умниот“ ни Ацо самонаречен Рембрант, повторно не издржав. Ама и тој се надмина себе си. Таква бљувотина, таков чемер сее овој полуписмен тип во неговите „колумни“ во Утрински весник, што просто човек се ежи од гадост. И повторно решил да пишува за Скопје (старо и ново) и пак да ни држи лекции. И вели дека овде, во ова Скопје, на времето се доселувале „…довчерашните селани, кои грабеа кон градот како биволи во трк, носејќи ги во своите мобилни амбари кокошките и по некоја овца или коза …“ И како тие пролетери, вели овој типичен лумпен-пролетер, го упропастиле градот, на балконите саделе бостан и пченка, па по нив дошол Кензо Танге … и се’ во тој стил. Гадост до гадост. Но ми текна малку да ѕирнам во биографијата на овој депресивен дијареичар, кога таму – роден во Кичево!!! И сега, Боже благи, асли сељак ги кара другите сељаци, мега загадувачот урла по кутрите пролетери, неговите прасиња и петлиња ги с’ска на туѓите овци и кози. Ало, шутрак, сељак на сељак ли му држи лекции?
Златко Теодосиевски, 01.12.2012, на блог

нема
07.12 2012
Толку беше

Од 2008 г. до денес, од мигот на најголемата историска грешка на ВМРО-ДПМНЕ, кога направија коалиција со ДУИ (и тоа токму кога првпат самите имаа мнозинство во Собранието, односно добија апсолутен демократски легитимитет!) кога сите перспективи се практично затворени, се наоѓа проклетиот круг во кој се случува крајот на македонскиот колективен ум. Во оваа временска рамка од само четири години, се случи погромот на сите подзаскриени извори на колективна енергија лоцирани околу вербата во (митот) – ВМРО-ДПМНЕ. Реконструкцијата на т.н. објективни фактори за сите погрешни политики веќе нема валидност, нема да биде оправдување, не може да биде утеха – сонот е скршен, надежта практично веќе ја нема. Kога и современите персонални еманации на македонската суштина рефлектирана во светите букви ВМРО ги дозволија сите понижувачки случувања на кои Македонците беа подложени веќе предолги четири години, преостанува единствено болното сознание дека – толку беше!
Тони Науновски, „Дневник“, 04.12.12.

нема
05.12 2012
Мендух забрануе, а Пеџа рецитира

Тачи, овој нашиов де, Мендух, веројатно исфрустриран дека ривалот Ахмети тотално го исфрли од играта за албанската кауза, скина уште една зелена во негов стил, се разбира. Обзнани дека во Чаир ќе се забрани пеењето на Македонско девојче китка шарена. Значи, Тачи ја знае ама повеќе нема да ја пее, лут е човекот, го немаше ни во „Борис Трајковски“ на „Албанското знаме“, едноставно пропадна во земја. И одеднаш оп, ничим изазван, за да се појави во јавност, ама не ми е јасно како ќе го спроведе тоа, нит е власт а мислам дека не е ни авторитет. Еве мој Пеџа (живее во Чаир) ми кажа дека денеска на студов додека чекал автобус си ја рецитирал во себе Македонско девојче. Значи, Тачи, идејава ти е глупа, знаеш, се’ што е забрането е послатко. Што ако и твоите фанови по дома почнаат да ја рецитираат како Пеџа. Заеби, ај да продолжиме да си ги пееме и Македонско девојче и Шоте мори Шоте, Шоте машала. Ти си барем боем ако ништо друго.
Ацо Кабранов, „Либертас“, 04.12.12.

нема
04.12 2012
Гебелс вода да носи

Мирослав Грчев, оригинална изјава:
Само дилетант и будала може да зборува за македонска култура и македонска историја во предисториско време, во неолит или палеолит.

Мирослав Грчев, во рекламата на ВМРО-ДПМНЕ:
Само дилетант и будала може да зборува за македонска култура и македонска историја.

„Граѓански“, 01.12.12.

нема
03.12 2012
Шеќер и вода за Коце

Еве еден најсвеж пример за ЕУ која само што не се распаднала како што милуваат да кажат некои наши патриоти: градоначалничката на Софија Јорданка Фандакова му кажа на својот скопски колега Коце Трајановски дека досега од ЕУ обезбедиле милијарда евра само за 70 инфраструктурни проекти во Софија. Велат, кога ова го чул наш Коце побарал шеќер и вода.
Ерол Ризаов, „Утрински весник“, 29.11.12.

нема
01.12 2012
Restless

Сите нации го имаат ова, но македонската е епифеномен, показен пример за овој децентриран идентитет, овој пост-модерен идентитетски парадокс! Обидот на оние кои НЕ ЗНААТ да го дефинираат идентитетот на Македонците сам за себе и од себе – завршува во македонскиот несмирен (restless), растроен, самодеструктивен национализам! Национализам кој не може, како секој либерален национализам, да ја развие нацијата и да и го најде местото во светот на нациите, туку ја удира од секој ѕид на кој ќе наиде, од секој друг кој ни е собеседник – се’ додека не ја раздроби на ситни парчиња, се’ додека не ја парчоса!
Љубомир Данаилов Фрчкоски, „Либертас“, 28.11.12.

нема
30.11 2012
Во Македонија има помалку овци а повеќе говеда

Бројот на овци во Македонија последните шест години е намален за 200 илјади, а бројот на говеда е зголемен за 20.000 објави „Вест“.
„Плусинфо“, 28.11.12.

нема
29.11 2012

Препорачуваме

Зошто ми е забранет влезот во Германија

„Ние, Европејците, со децении сме учесници во бавниот геноцид над Палестинците.“

Дали крајот вака мириса?

Колумнава е објавена пред 13 месеци.

Нова стратегија

Пет песни: Нова стратегија, Премијера, Царство, Елегија и Прашање на влијание. Графики: Frans Masereel.

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

ОкоБоли главаВицФото