Боли глава

Чипови

Е, кога е во прашање Босна и Херцеговина, Србија, за жал, досега ни таму нема направено јасен дисконтинуитет во однос на Милошевиќ. Можеби тоа е највидливо во односите на Тадиќ и Милорад Додик. Имено, Тадиќ спрема Додик се однесува на ист начин на кој Милошевиќ се однесуваше кон Милан Бабиќ или Караџиќ. Додик е Радован Караџиќ на Тадиќ. Станува збор за истиот маневар кој би можел да се сведе на претседателовата порака кон меѓународната заедница: во состојба сум да ви создавам неволји и во тоа е мојата сила. Немам ништо позитивно да понудам, но можам да ве изнервирам кога ќе посакам. Меѓународната заедница мора да дојде кај мене и убаво да ме замоли – ајде, бре, направи нешто, смири го тој човек! Додик и неговата дружина се заложници, чипови со кои Србија игра партија покер со меѓународната заедница. Да се разбереме: станува збор за истата игра која Русија ја игра со светот, со таа разлика што во руската игра чипот е – Србија.

Срѓа Поповиќ, BH Dani, 30.10.09.

03.11 2009
Злосторство

Никој кај нас нема право да ја разрешува дилемата „да се има или да се биде“ во корист на европскиот путер и чоколадо. Тој што ќе го стори тоа ќе учествува во злосторството што се вика погубување на Името и ќе остане за сите векови кај овој народ подлец и предавник.

Ефтим Клетников, „Дневник“, 31. 10. 09.

02.11 2009
Мартирите на нашето опстојување пијаници

Нам денес, како колумнисти или граѓани за европска Македонија (!?), или под други маски, ни држат часови за тоа што е идентитет, тие на кои ништо не им е свето кај нас и кои се десакрализираат, правејќи ги дури и хероите, мартирите на нашето опстојување пијаници.

Ефтим Клетников, „Дневник“, 31. 10. 09.

02.11 2009
Јадица

Јадицата од ЕУ е фрлена и ние сме во еуфорија, не гледајќи во губилиштето кон кое чекориме. Тоа е нашиот парадокс. Бидејќи што може да значи егзекуцијата на Името, ако не и ефектно, на елегантен софистициран начин, погубување на Идентитетот на цел еден народ.

Ефтим Клетников, „Дневник“, 31. 10. 09.

02.11 2009
Диогеновски фарови

Има нешто индикативно во тоа што на нашите улици автомобилите и дење возат со запалени светла, има нешто безбели диогеновско во тоа: како цела нација да бара чесен човек низ државава, но наместо со свеќа, тоа го прават со своите фарови.

Копач, „Окно“, 28.10.09

28.10 2009
Риба памти

Пуши Јанко, а народов се опира. Не заборава што ломотеа тој и неговите буреконосци. А кој да ги заборави нивните страсни одбрани на името? Кој да заборави како Јанко гол се соблекуваше на телевизија, за да им го покаже на грчиштана? Како да заборавиме дека Миленко го заколна да му умре мајка и све најмило на тој што ќе ни го смени името. Рибата памти, бре, а не народот!Како и да е, не им е лесно. Се спремаат да попуштат. Сфатија дека попаметните попуштаат. Со нервите.

Бранко Героски, „Време“, 26.10.09

26.10 2009

Спроведувањето на одредбите против концентрацијата на сопственоста во медиумите ќе се движи со тектонски промени во медиумскиот простор.

Роберто Беличанец, Центар за развој на медиумите

24.10 2009
1
Му вадат

Првиот ден ни го извадија Муратовски на штрајк, па денеска вадат некои студенти, се обидуваат од границата да направат баук, дека којзнае што сме направиле.

Никола Груевски, премиер, во изјава за ТВ, 20.10.09

21.10 2009
Сличности

Потврда на тоа е Библијата. Многу такви пораки стигнале од вашиот народ до нас и многу пријателски чувства не' преплетуваат како народи со слична судбина.

Ѓорге Иванов, претседател, 19. 10. 09, при посета на Израел

20.10 2009
Јавноста

Јавноста е премногу исполитизирана во однос на оцените што се дадени за нашата енциклопедија.

Георги Старделов, претседател на МАНУ

17.10 2009
Вмровец како стручна квалификација

Замислете, во Капетанијата имате човек со Земјоделски факултет, ама тој е вмровец и тоа е негова стручна квалификација.

Јани Макрадули, пратеник на СДСМ

16.10 2009
Не со жените, а камоли со мажите!

Вие не можете да се мерите со жените во ВМРО-ДПМНЕ, а камоли со мажите во ВМРО-ДПМНЕ.

Ивица Георгиевски, пратеник, на собраниска седница од 14.20.2009

15.10 2009
Ви го зачувавме Бранко!

„Факт е дека Бранко Црвенковски е единствениот претседател кој без последици за неговото физичко здравје, го заврши успешно претседателскиот мандат. Факт е тогаш кога вашите стручни лица го водеа Министерството за внатрешни, во неразјаснети околности, двајца претседатели настрадаа.“

Гордана Јанкуловска, 13.10.2009

14.10 2009
Стручна редактура

Јасно е ко ден дека на Енциклопедијата не и' треба хименопластика, туку темелна стручна редактура. И по сегашново „онадуење“ на МАНУ, џабе каење. Енциклопедијата треба да се ослободи од етноцентричност - дури и неолитот е дефиниран како „праисториски период во Македонија“. Треба да се „излечи“ од „етногенетски“ големи нарации и од политичка тенденциозност.
Жарко Трајаноски, „Дневник“, 14.10.09

14.10 2009

Препорачуваме

Во челустите на пандемијата на деснило

Бранот на фашисоидната милитаризација ја плави цела Европа.

Македонија и „Биг Бенг“: историски лекции

На 1 мај 2004 на ЕУ ѝ се приклучија десет земји, од кои седум од поранешниот источноевропски лагер.

Лекцијата на палестинските новинари

За митот на независните новинари.

Зошто ми е забранет влезот во Германија

„Ние, Европејците, со децении сме учесници во бавниот геноцид над Палестинците.“

ОкоБоли главаВицФото