Боли глава

Интелектуалците од државните институции на државна (мизерна) плата мора да им се поклонат на безобѕирните невладини активисти кои од нив бараат да се повлечат од барикадите и да ја дочекаат смртта на својата институција.

Алекс Букарски, „Дневник“, 13.10.09

13.10 2009
2

Кузман мора да сноси најголема одговорност за пожарот. Манастирот датира од 11 век, а до почетокот на овој век црковните миси се одржувале на албански јазик. Во пожарот изгореа многу важни албански документи за кои се сомневаме дека се намерно уништени за да се прикрие вистинската историја за манастирот, односно дека тој отсекогаш бил албански.

Неби Дервиши, Нова Македонија, 08.10.09, нагласува дека не само што Јован Бигори бил албански манастир, туку дека албански биле и Свети Наум во Охрид, Калиште во Горно Нерези и уште многу други цркви во Македонија.

09.10 2009
2

Очи темносини. Класичен костум со цвет во реверот. Благ лиричен израз и совршен литературен јазик со беспрекорен акцент. Шарм ала Пол Њумен со таинственост на македонска мистерија на човекот кој знаеше премногу, со префинети манири на тореадор, кој со црвен плашт го намамува разјарениот бик да шлајфува во песокта.

Алекс Букарски занесено го портретира Блаже Ристовски, „Дневник“, 06.10.09

06.10 2009
1
Многу букви

Деновиве и Аеродром влезе во центарот на Скопје. Навистина не е во првата зона, во третата е, ама центар си е центар. За (не)среќа, Ѓорче е значително подалеку од централното подрачје, па веројатно уште некое време нема да влезе во ниедна зона на паркирање. Значи, скопјани, паркирајте се во Ѓорче Петров додека можете, таму засега е без пари. Зашто ништо чудно некои наредни денови и оваа општина да влезе во паркинг-зоната, оти тоа го барал градоначалникот. А, штом е така, тогаш сигурно и ќе биде, па ако треба и ќе се прошират зоните. Всушност, азбуката има многу букви, дури 32, не само три А, Б, Ц!

Билјана Ангеловска, Утрински весник, 5. 10. 09.

06.10 2009
Мајка го роди

Вардарци, Пиринци и Егејци. Една земја, едно име Македонци/ Никола, Никола мајка го роди /Народ да води кон светла иднина/ Никола Груевски господ го прати верба да врати во Македонија... целата песна на овој линк

строфа од сонг на Бате Геле

05.10 2009
Симбол

Неколку дена во непосредна близина на Транспортниот центар во Скопје, значи, железничката и автобуската станица, е распнат циркуски шатор. Како симбол за оние што пристигнуваат во метро(и)полата да знаат каде доаѓаат, а за оние што заминуваат, каде биле.

Јосиф Ќурчиев, Утрински весник, 02.10.09

02.10 2009
Невозможни, сизифовски задачи

Во својата презентација на конференцијата „Македонскиот идентитет низ историјата“, антропологот Кит Браун предупреди дека македонската национална историја е опседната со невозможни, сизифовски задачи, со обиди „да се пронајде непобитен доказ за историската долговечност, на еден колектив, на еден страдалнички народ што напредува низ времето.“ „Ниедна нација во светот не може да го исполни овој стандард“, укажа проникливиот антрополог.

Жарко Трајаноски, во колумна во „Дневник“, 30.09.09

01.10 2009
Бездомник

Почина бездомник, во срцето на градот. Изнемоштен, изгладнет, премален... Полицискиот гласник информира дека покрај телото на упокоениот биле уште неговата сопруга и неговиот син, со истиот социјален, или општествен статус - бездомници. Оваа драма на очајот во суровата ноќ се одигрувала само на сто чекори од Владата, на сто чекори од парламентот, на сто чекори од кабинетот на таткото на нацијата, на сто чекори од Светиот архијерејски синод, на сто чекори од седиштето на Сојузот на синдикатите, на сто чекори од Црвениот крст, на сто чекори од домот на хуманистката Мајка Тереза, на сто чекори од Градска болница, под трезорите на неколку банки, во згуснатиот воздух од раздразнувачките мириси на кујните на седумнаесет ресторани, дваесетина кафулиња, седум слаткарници...

Бошко Нацевски, Утрински весник, 30.09.09

30.09 2009
Изненадувањето е неможно

Секој кој живее во Белград знае дека изненадувањето е неможно: кој сè со месеци и години веќе не се тркала низ овие православни улици - образовците, водоземците од 1389.сом, двераните, отпадот на Караџиќ, старите и новите радикали, декларираните фашисти, навивачите од сите нацистички бои, гестаповскиот отпад формиран низ љубовта кон Дража Михаиловиќ, четничките хорди, менталните болни од сите лоботомични бои, читачите-одачи на Новата Српска Фашистичка Мисла, болесниците-коментатори од „Политика“, пореметената опозиција од ДСС и Нова Србија, радикалниот шешељовски шљам - па сосема е реално да се случи она што се случи, убиството на Брис Татон...

Петар Луковиќ, е-новине, 29.09.09

30.09 2009

Ви носам поздрави од типот кој се нарекува... оној исончаниот... Барак Обама. (...) „Нема да верувате, но заедно се сончале на плажа – неговата жена исто така е исончана.

Силвио Берлускони, премиер на Италија

29.09 2009
1

Во прв ред кај медиумите наидов на една силна деидеологизација и десубјективизација како на десницата така и врз мене како интелектуалец.

Алекс Букарски, „Дневник“, 22,09.09.

нема
24.09 2009
2

СДСМ сега ќе бара некој среден слој, а во Македонија среден слој и нема. Во државата има една мала, тесна група богаташи и сиромашен народ.
Хисен Рамадани, аналитичар

Виц икона
23.09 2009

Македонија немаше граѓанска структура во која можеа да се преточат општествените одговорности по крахот на комунизмот. Од 1990 година наваму државата е полигон на кој се вежбаат револуционерните потенцијали на лумпенпролетеријатот и на џганот. Повеќепартизмот не е инструмент на слободата, туку калауз со чија помош селските мангупи станаа тајкуни ограбувајќи ја општествената каса.
Бранко Тричковски, во колумна во „Глобус“, 22.09.09

Виц икона
22.09 2009
1

Не се секирајте за Македонската Енциклопедија, уставен е тука ќе ја укине, избрише, а ако треба има да се запали на плоштад... има да гори... Кристална Ноќ ќе биде тоа, јасно, гавазите на Маркс во МК се малку до Халкидики, уште не се вратиле да се ангажира... ат... шприц, денес-утре-вчера, бреме и останатите нацистичко пропагандни подлистоци сосе комлетен теве - штампарски куплерај, со логистика на суруш и фуксите од блогерај, ќе маршираат на плоштад, со дигната рака и восклик на устата AVE KOMUNISTA E FASISTA!!! ... со финално крешендо локање медовина и повраќање на местото за црква од овердозираност на аналната дразба.

Јанко Јадибурек на својот блог, 20.09.09

21.09 2009
3

Препорачуваме

Македонија и „Биг Бенг“: историски лекции

На 1 мај 2004 на ЕУ ѝ се приклучија десет земји, од кои седум од поранешниот источноевропски лагер.

Лекцијата на палестинските новинари

За митот на независните новинари.

Зошто ми е забранет влезот во Германија

„Ние, Европејците, со децении сме учесници во бавниот геноцид над Палестинците.“

Дали крајот вака мириса?

Колумнава е објавена пред 13 месеци.

ОкоБоли главаВицФото