Бездомник

30.09.2009 16:24
Bezdomnik.jpg

Почина бездомник, во срцето на градот. Изнемоштен, изгладнет, премален... Полицискиот гласник информира дека покрај телото на упокоениот биле уште неговата сопруга и неговиот син, со истиот социјален, или општествен статус - бездомници. Оваа драма на очајот во суровата ноќ се одигрувала само на сто чекори од Владата, на сто чекори од парламентот, на сто чекори од кабинетот на таткото на нацијата, на сто чекори од Светиот архијерејски синод, на сто чекори од седиштето на Сојузот на синдикатите, на сто чекори од Црвениот крст, на сто чекори од домот на хуманистката Мајка Тереза, на сто чекори од Градска болница, под трезорите на неколку банки, во згуснатиот воздух од раздразнувачките мириси на кујните на седумнаесет ресторани, дваесетина кафулиња, седум слаткарници...

Бошко Нацевски, Утрински весник, 30.09.09

ОкоБоли главаВицФото