Објавен традиционалниот Мeѓународен конкурс за стрип

13.02.2024 09:59
Објавен традиционалниот Мeѓународен конкурс за стрип

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес го објави традиционалниот Мeѓународен конкурс за стрип.
Овој конкурс е составен дел од активностите од традиционалниот 21 Мегународен стрип салон” Велес 2024 -најзначајна стрип манифестација во државата. Истиот е финансиран од страна на Министерството за култура на Македонија и Општина Велес.

Според пропозициите:


– Право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста;

– Должината на стрипот да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат (мин. 300 дпи ако се испраќа по електронски пат). Доколку стрипот е на една страна треба да биде со најмалку 5 сликички.

– Стриповите нема да бидат вратени. Со самото испраќање организаторот се стекнува со право да ги објавува и презентира заедно со авторите во склоп на промоција на своите активности.

– Tемата на стрипот е слободна. Секој автор (цртач, туш, колор) може да учествува со само еден стрип. Исклучок има за сценаристите каде се дозволува едно лице да направи сценарио за повеќе стрипови.

– На еден стрип можат да работат повеќе автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш…)

– Заедно со стрипот да се испрати лична биографија (име и презиме со фотографија, датум на раѓање, адреса и држава од каде е авторот, е-маил како и година кога е стрипот нацртан. Исто така на сите стрипови треба бидат наведени авторите како и називот на стрипот. Пристигнатите стрипови, без овие информации, нема да бидат земени предвид за награди.

– Стриповите од македонски автори пожелно е да бидат на македонски јазик и кирилично писмо.

– Сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за изложување во склоп на изложбата на Салонот на стрип ВЕЛЕС 2024со реална можност за друг вид на промоција.

– Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од тричлена комисија која што ќе направи избор и ќе ги предложи следните награди:

• Прва награда, 300 евра – „Златен стрип”, изданија и диплома за прво место.

• Втора награда „Сребрен стрип” и диплома за второ место.

• Трета награда, „Бронзен стрип” и диплома за трето место.

• Награда за најдобро сценарио, диплома.

• Награда за најдобар млад автор до 18 години, диплома.

• Други специјални награди.

Рокот за испраќање е до 01.08.2024 година.
Авторите можат да ги испратат своите стрипови на:

a) Адреса: Стрип Центар на Македонија – Велес (за конкурсот)

Ул. Васил Ѓоргов, бр.78 ,1400 Велес, Република Македонија(пожелно преку Eco Logistic )

б) Или преку е-маил : stripkonkurs@gmail.com

За повеќе информации заинтересираните може да се јават на горенаведениот емаил или на тел +38978867327.