Сексуално ослободување на капиталистички начин

27.02.2012 15:11
Сексуално ослободување на капиталистички начин

Доколку некогаш се затекнете во продавница за сексуални помагала и играчки, барајќи подарок за себе или за некој близок, обрнете внимание на местото каде што е произведено вашето ново помагало. Made in China е најчеста ознака врз речиси сите вибратори, кукли, дилда, долна облека, што веројатно не ве изненадува.

Но, знаејќи дека Кина во моментов е една од најтрадиционалните и најконзервативни земји, со исклучително силна цензура на подрачјето на сексуалноста, се поставува прашањето зошто таа земја стана најголем светски производител на сексуални помагала. Индустријата на сексуални помагала во Кина сочинува неверојатни 70% од вкупното светско производство, со дури 2 милијарди долари годишен профит. Речиси сите играчки се наменети за извоз, а се произведуваат во фабриките во покраината Guangdong во Јужна Кина и во Zhejiang на исток.


Целото производство од фабриките се извезува во Европа и Америка и се продава по цена од 50 центи до 100 долари. Интересно е што извозниците ги купуваат
вибраторите за еден долар, а потоа на своите пазари ги продаваат од 10 долари па нагоре. Просечниот профит на кинеските фабрики и произведители изнесува само 7 проценти од вкупната заработка.


Денес сексот се продава повеќе од
кога било претходно, без оглед на рецесијата или кризата. Секој има право на некој вид сексуално ослободување, а со помош на играчките тоа може да се оствари и без за некого сосема непотребното вовлекување во комплексните емотивни односи. Љубовта и телесноста преку играчките се продаваат во релативно гламурозниот дел од светот, при што сосема се игнорира местото на потеклото на производот.

Но, лицата на кинеските фабрики кои ги произведуваат наведените играчки никогаш не биле гламурозни, уште повеќе што тие по којзнае кој пат сведочат за прилично лошите услови на работниците кои често се изложени на влијанието на отровни материи во пластиката.

Самите кукли и другити играчки се доловени со камерата на Jason Lee, фотограф на Ројтерс. На овие фотографии, куклите изгледаат трагично и застрашувачки.

Ли го посетил погонот на фабриката Ningbo Yamei во градот Fenghua, во провинцијата Zhejiang. Фотографиите на предметите кои поминуваат низ процес на боење, тестирање, потплатените работници кои ги тестираат вибраторите или расфрлените кукли по подот на фабриката ја покажуваат немоќта на општеството под залетот на капитализмот кој, всушност, го отстранува достоинството на сите во производствениот ланец: работниците, идните конзументи и нивната сексуализација.

Сензибилни и силни, фотографиите на Ли се правени пред две недели, на 13 фебруари, само еден ден пред Св. Валентајн, кога прометот во продавниците за сексуални помагала порасна за речиси 100 %.

Извор: Pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото