Идила на кров од супермаркет

12.09.2012 10:12
Идила на кровот од супермаркетот

Урбанистичките парадокси кои настануваат во светот во кој живееме, денеска се можеби попрво правило отколку исклучок. Пред неколку недели пишувавме за „населбата на духови“ во Ангола чија изградба ја финансираше кинеската влада, а сега повторно се враќаме на кинеското градежништво, демонстрирајќи како битката за секој расположлив сантиметар слободен простор и тоа како е актуелна. Имено, пред неколку дена во британскиот Daily Mail осамна статија за необичните живеалишта во градот Џуџоу, втор по големина во провинцијата Хунан каде што сосема случајно се откриени куќи на кровот од еден супермаркет.



Но, освен што е куриозитет да се живее на кров од супермаркет во мултимилионски град, уште повеќе чудење предизвика фактот дека станува збор за четири куќи во стил на „палати“, одосно своевидни мали архептиски куќи со јонски столбови, тремови, фронтони, орнаментика, класична типологија на градење на генерацијата nouveu riche во американските предградија.


Комбинацијата на типологијата и контекстот се подеднакво зачудувачки, посебно кога станува збор за град во кој главните индустрии се хемиската и металуршката, а емисијата на гасови во атмосферата е голема. Куќите на врвот на супермаркетот имаат и зелени градини кои, всушност, ја расипуваат поединечната вентилациска инфраструктура. Хумана или крајно нехумана состојба за живот кој симулира идила, или можеби само маркетиншки трик, одлучите сами!

извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото