Фуснота

05.03.2012 13:38
Новоговор: Фуснота

Југославијо, народот те слави...

Живееше, живееш и ќе живееш, ако не во спомените и песните, тогаш сигурно во фуснота.

Последните наследници на еден вид политички новоговор во кој некоја држава би можела да добие име кованица Југo+Славија, можеби и не е чудно, се: Македонија и Косово*.

Македонија во светот сè уште и официјално се нарекува Бивша Југословенска Република Македонија, БЈРМ. Фуснотата во името постои во различни документи од евроатлантската интеграција: во нив пишува дека Грција, за разлика од Турција – не ја признава под „скратеното“ име.

Доколку имаа браќата Македонци смисла за хумор како и за историја, ќе го патентираа тоа име и никогаш не би се откажале од него. Што има поубаво од тоа татковината и мајчината, родната земја да се нарекува „Бивша...“?

Неволјата е што во конкуренцијата за југословенското фуснотско наследство пред некој ден се појави уште еден натпреварувач, Косово*.

Воислав Коштуница смета дека тоа значи признавање од страна на српската власт дека на територијата на Србија постои држава со ѕвездичка, Косово*. Американскиот амбасадор во Приштина тврди дека фуснотата на името Косово* во регионалните иницијативи е безначајна, бидејќи вистинскиот суверенитет не се постигнува со симболи, туку само со негово остварување. Точно знаеме што им значи тоа на Американците.

Астерикс – треба да се разликува од Астерикс и Обеликс – е типографски знак (*) за напомена во текстот кој Германците го нарекуваат фус – а Англоамериканците футноут, во она исто српско разликување на фузбалот од фудбалот, или фусбал од футбал, ако сме јазично најточни.

Фуснотата објаснува или упатува на изворот и објаснувањето на поимот искористен во текстот, содржи цитат или референца за делот од текстот покрај кој е поставена. Српскиот јазик наводно има збор подбелешка со истото значење. Ако фуснотата го објаснува зборот во реченицата, знакот * или некој друг се поставува над зборот, а доколку се објаснува цела реченица, тогаш знакот се поставува на крајот на реченицата.

Косово* се чита вака: „ овој назив без прејудицирање на статусот на Косово е во согласност со Резулуцијата 1244 и одлуката на Меѓународниот суд на правдата за косовската декларација за независност“. А значи...

Зависи кој чита и во кој новоговор. Како и ова:

Ovdje kome ne porastu zubi,
E, kukala mu mati
Ovdje nikad neće čopor naći,
Ko ne nauči urlati
*

* Во согласност со Бело дугме и онаа позната Плукни и запеј...

Извор: vreme.com

Okay I'm convinced. Let's put

Okay I'm convinced. Let's put it to acotin.

Слични содржини

Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор

ОкоБоли главаВицФото