Дијалог

11.11.2011 12:22
Новоговор: Дијалог

Геог Вилхелм Фридрих Хегел мислел дека дијалогот е интересен, жив разговор, жестока расправа со многу пресврти, богатство на речникот, убедлива аргументација, разорна иронија, духовитост, глетка на зачудувачко познавање на финесите на темата...

Јасно изразување и разбирлива артикулација: „Најблагородниот урбанитет на образованите луѓе. Во него се запознава слободата на однесувањето. Се гледа светскиот човек кој умее да се држи. Учтивоста не го изразува целосно урбанитетот. Учтивоста содржи нешто повеќе, некој вишок, во неа се изразуваат и верувањето во почитта, давањето предност и обврските. Урбанитетот е вистинска учтивост и лежи во основата на таа учтивост. Но урбанитетот останува притоа да му се признае на другиот целосната лична слобода на неговата совест, неговите убедувања – секому со кој се води разговор да му се признае правото да се изрази: и таа карактерна црта да се покажува во својот одреден негирачки говор, противречењето – сопствениот говор во споредба со изјаснувањето на другиот да се смета за субјективен; бидејќи овде станува збор за еден разговор во кој настапуваат личности, а не објективен разум или ум кој се расправа со себе. И покрај сета одлучност се изразува признанието дека и другиот е разумна, мисловна личност“.

Повеќето разговори во кои секојдневно учествуваме, ги слушаме или ги гледаме воопшто не се вклопуваат дури во најскромно поставените барања за дијалог, па ни во елементарна пристојност. „Говорот не е обредна реч, точна формула, туку противречна расправа, дискусија, аргументација...“ од која во антиката ќе настане реториката, уметноста на расправата и убедувањето со зборови, основна политичка вештина на секој слободен граѓанин.

А сега? Во новоговорот дијалог е, всушност, закана со насилство.

Тоа мора да се реши со дијалог, или дијалогот е неопходен, или кој не се согласи на дијалог ќе биде... итн. итн.

На тој начин политичкиот новоговор ја уби и онаа малку преостаната смисла на филозофската употреба на поимот дијалог, дефинирајќи го како книжевен или театарски разговор меѓу две или повеќе личности.

Во кој театар?

П.С.

Сепак, учете ги зборовите, вежбајте го говорот и разговорот. Соочувањето со зборови, дијалогот, е подобар и поблагороден од секој друг вид на судир – бидејќи за секој друг судир се способни ѕверовите, а најголемите меѓу нив – луѓето – се способни и за говор.

Извор: vreme.com

Слични содржини

Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор

ОкоБоли главаВицФото