Уау!

07.11.2011 14:10
Новоговор - Уау!

Не е ономатопеја на лаење, туку транскрипција на англискиот извик wow.

Извик со кој се изразува изненаденост, зачуденост, задоволство, болка итн. – вели речникот Вебстер. Во сленгот: исклучителна, успешна, возбудлива личност или работа.

Од американските филмови и книжевност некако навикнавме тоа првенствено да е детски восклик на изненадување, зачуденост, запрепастеност итн.

Па, или американската државна секретарка Хилари Клинтон е само едно големо дете, или само таа знае што значеше нејзиното „уау“ на СМС пораката за убиството на Моамер Гадафи. Бидејќи, еден ден пред да ја добие таа порака во Кабул, таа во Либија лично од бунтовниците го нарача Гадафи, жив или мртов. Еден ден по прикажувањето на првите снимки од крвавиот почеток на новата либиска демократија, Хилари дискретно и одмерено им се придружи на барањата да се истражи ова убиство – под покровителство на ОН.

Е сега: ОН се тоа што се, па слушаат одредени барања, а за некои се глуви, и обратно. Доволно е да се потсетиме на барањето на Србија да се испитаат обвиненијата за незаконска трговија со човечки органи. Од тој свој мандат ОН достоинствено се откажаа во корист на ЕУ која, ете, повеќе од една година се мачи да состави експертски тим кој, веројатно, ќе востанови каде му се границите на ангажираност.

Колку и да му е лесно, не му е лесно на генералниот секретар Бан Ки Мун. Не го слушнавме неговото „уау“ на овонеделната изјава на колегата генерален секретар на НАТО, Андерс Фог расмунсен, дека во некои случаи НАТО мора да интервенира без резолуција на Советот за безбедност на ОН. Не е идеално, но на Косово се покажа дека „набљудувајќи во историско светло – дека сите се согласни оти тоа било исправно“, смета тој.

Овде посебно ми се допаѓа секретарскиот поглед „во историско светло“ и општата согласност за исправноста – и чесноста, веројатно. Бидејќи истиот секретар во следната реченица изјави дека НАТО операцијата во Либија „беше еден огромен успех, со 25 000 изведени летови и 10 000 извршени напади со бомби, без потврдени цивилни жртви предизвикани од страна на НАТО“.

Доследноста на ова светско секретарисување конечно ја потврди изјавата на САД дека поради приемот на Палестина во полноправно членство во УНЕСКО тие повеќе нема да го финансираат ова тело на меѓународната заедница.

Велат дека последните зборови на неодамна починатиот Стив Џобс биле: „О уау, о уау, о уау“.

Ваистина, wow!

Извор: vreme.com

Слични содржини

Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор
Новоговор

ОкоБоли главаВицФото