Баграм, американскиот концентрационен логор

06.03.2012 11:05
Баграм, американскиот концентрационен логор

Нередите во Авганистан се распламтеа по објавувањето на веста дека американските војници во тамошната воздухопловна база Баграм го запалиле Куранот. Мртви има сè повеќе. Очигледни се три промашувања на САД во целава оваа работа.

Првото промашување се американските медиуми кои едноставно ја потценија будалаштината што им даде замав на протестите. Професионалните новинари имаат обврска да одговорат на пет прашања: кој, што, каде, зошто и како. Но, читајќи го извештајот на Асосиејтед прес, Њујорк тајмс и Вашинтон пост, исто како и останатите, се намачив додека ја сложив сликата за тоа што точно е направено со примероците на Коранот за кои стануваше збор. Не само што извештаите беа спротивни, туку и поголемиот дел од нив не ни разјаснуваше кој наводно направил нешто, а не, пак, зошто или како.

Дали книгите се запалени под надзор на старешините, како што е наведено во еден од извештаите? Или ги уништиле војниците сами, според друга верзија, заедно со останатата „екстремистичка литература“ и средствата за комуникација на затворениците; а авганистанските работници ги предупредиле останатите во базата за карактерот на книгите?

Овие нејасни извештаи – без споменување на актерите и нивните дела (неверојатно е дека во Њујорк тајмс спалувањето воопшто не е споменато) – покажуваат што се случува кога водечкиот медиум едноставно го прифаќа диктатот на Пентагон.

Второто промашување е политизацијата на оваа ужасна навреда. Њут Гингрич, еден од претендентите на републиканците за претседателски кандидат, извинувањето на Обама го нарече „предавство“. Рик Санторум, уште еден од листата на претенденти, упатува навреди кон сите кои сметаат дека Америка треба да чувствува било каква „вина“.

Вакво отсуство на визија сведочи за културната игноранција која ги претвори последните војни на Соединетите држави во политички катастрофи. И самата ѝ припаѓам на аврамската вера, јудеизмот, кој има силни заеднички корени со исламот. Во двете вери светите книги се третираат, на некој начин, како живи суштества. Евреите исто така ги „погребуваат“ кога се престари за употреба, а додека се „живи“ кон нив се однесуваат ритуално, користат сребрени стапчиња за да не ги профанисаат со допирот на раката, ги преслекуваат во сомот и ги бакнуваат кога ќе паднат на земја.

Палењето на светите книги на освоените народи шири јасна порака: можете со тие народи да правите сè што сакате. Како што пишуваше Хајнрих Хајне за спалувањето на Коранот во времето на шпанската инквизиција: „Таму каде што спалуваат книги, на крајот ќе спалуваат луѓе“. Евреите тоа многу добро го разбрале: од инквизицијата преку козачките масакри до Кристалната ноќ, агресорите ги уништувале Торите што била логична и добро сфатена претходница на уништувањето на народите.

Третото промашување е премногу болно за воопшто да се проговори за него, што може да биде болежливо објаснување на фактот дека ниеден американски мејнстрим медиум тоа не го направи: спалувањето не се случило на некоја кабулска улица, туку во Баграм. Куранот е запален во американски објект кој се вклопува во речничката дефиниција за концентрационен логор.

Шпигел во 2009 година го нарече Баграм „американската комора за мачење“, а во текстот „Заборавеното Гвантанамо“ известува дека во оваа воздухопловна база се затворени 600 луѓе без судско решение. Приведени се под името „нелегални непријателски борци“ што на Америка ѝ одговара за да може да тврди дека тие не ги уживаат правата загарантирани со Женевската конвенција. Воениот обвинител изјави дека Гвантанамо во споредба со Баграм е „фин хотел“.

Халид Шеик Мохамед, кој од страна на САД е опишуван како „самопрокламиран главен архитект на 11 септември“, изјави дека во Црвениот крст во Баграм бил окован и сексуално злоставуван. „Ме присилија да легнам на подот. Ми набија цевка во анусот и пуштија вода“. Друг затвореник, Рејмонд Азар, сведочеше дека бил грабнат од десетина припадници на ФБИ, кои му покажувале фотографии од неговото семејство, велејќи му дека веќе нема да ги види ако не „соработува“.

Би Би Си во 2010 објави сведоштва на девет затвореници кои го потврдија злоставувањето во Баграм. Затворениците го опишаа „тајниот затвор“ внатре во затворот, познат како „црна дупка“. Затворениците таму биле изложувани на измрзнување, а им било забрането спиењето. Еден изјавил дека војник му ги скршил забите со пушка, а друг раскажал како морал да игра во ритамот на музиката за да му дозволат да оди по нужда.

Уште еден извештај ги потврдува сличните обвинувања во текот на 2010, минатата година во прилогот емитуван на Би Би Си е објавено дека бројот на затвореници достигнал 3.000, авганистанското истражување донело на виделина нови сведоштва за продолженијата на тортурите, кои вклучуваат измрзнување и сексуално злоставување. Бидејќи војската на САД во Авганистан може да затвори кого сака и кога сака, и да го/ја држи засекогаш во опишаните услови и без судско решение, целата земја живее во сенката на измачувањата во Баграм. Спалувањето на Коранот е силен симбол на таа системска закана.

И додека Обама продолжува да се извинува поради спалувањето, мораме да разбереме дека гневот на Авганистанците е одговор на уште подлабока и поболна рана. Обама треба да се извини и за киднапирањето на Авганистанците; за бесправното притворање во Баграм; за присилувањето да бидеш сместен во кафез, каде што наводно во секој има по 30 затвореници; за тоа што не им е дозволено да разговараат со претставници на Црвениот крст/Црвената полумесечина; за конфискација на семејните писма; за измачувањето и сексуалното злоставување; и за навлекувањето покривка од страв преку целата земја.

Авторката е политички активист и општествен критичар. „Сакам слобода: прирачник за американски револуционери“ е името на нејзината последна книга.

Извор: www.project-syndicate.org

Edna ispravka koja ne ja

Edna ispravka koja ne ja menuva sustinata na tekstot meguto ne ja odslikuva pravata situacija na Amrikanskite mediumi.
Vo Newyork Times veke vtoriot den bese objaveno za palenjeto, demonstaciite i za mestoto na nastanot. Begram Air base. Vesta vo Newyork times moze da ja najdete na 21 Fbruari 2012 pod naslov "Koran Burning in NATO Error Incites Afghans".

"According to Afghan workers who witnessed the events, around 10 or 11 p.m. on Monday a dump truck escorted by a military vehicle drove up to the landfill at Bagram Air Base, where 20 or so Afghans work. Two uniformed NATO personnel, a man and a woman, began unloading bags of books from the back of the truck and throwing them into a pit for incineration"

ОкоБоли главаВицФото