Простор - групна изложба

29.05.2012 12:59
простор

200 квадратни метри во кои 17 уметници го мапираат својот простор – личен, општествен, виртуелен. Придружете ни се на оваа самоиницијативна акција.

Локација: ул. Јоаким Крчовски бр. 88, Скопје
Датум: 2 јуни 2012, 20:30 часот

Поставката трае само еден ден.

Учествуваат: Александар Зафирофски, Андреј Анчевски, Дијана Богдановска, Ем Елефантски, Зорица Зафирофска, Иван Ивановски, Инес Ефремова, Кристина Божурска, Лидија Петковска, Марко Манев, Миа Јовановска, Милан Андов, Милена Стевановска, Никола Узуновски, Тони Димитров, Филип Јованвски и Ѓорѓе Јовановиќ.

Куратор: Бојана Јанева-Шемова

Музичка програма:

- Dusko Janevski

- Andreas Hz
- Toni Dimitof

Простор (именка) – Континуирана област или површина која е слободна, достапна и незавземена. 

„Младите уметници, дел од изложбата Простор, се поттикнати од слободата да се претстават надвор од постоечките институционални структури, а притоа дозволувајќи си ја слободата во просторот, во изборот на авторите, како и во начинот на кој приоѓаат на тематската определеност. Идејата е делата да зборуваат индивидуално, без претензија на освојување на туѓ простор, туѓа територија - просторна, општествена или социјална...“

Кај е улицава? Кој датум?

Кај е улицава? Кој датум? Денес? Во колку саат?

Повели локација, датум, време

Повели локација, датум, време и сл. :)
prostor88.wordpress.com/map/