Дали би уринирале во овие јавни нужници?

02.07.2012 14:15
Дали би уринирале во овие јавни нужници?

Проектот кој го претставуваме е сè, само не суптилен и утилитарен, а станува збор за необичен јавен нужник кој се наоѓа на плажата Синерџи во Велингтон, Нов Зеланд.

Според самите архитекти, при проектирањето на архитектонските објекти за вршење нужда, освен практичните ставки како што се безбедноста, хигиената и вандализмот, најважно им било да осмислат структура со скулптурален облик, нешто иконично, визуелно силно и необично, а истовремено да биде вклопено во околината.

Покрај очигледните оксиморони (на пример, вклопување во околината), останува нејасно од кои причини токму јавните нужници би требало да послужат како (архитектонски икони), непромислено поставени на нималку атрактивен јавен простор.

Во своето објаснување на проектот, архитектите истакнуваат дека одбраните материјали, самиот облик на градбата и покривот се посебно одбрани за да се вклопат во околината, а понатаму тие објаснуваат дека обликот на структурата ја евоцира функцијата на  пристаништето кое порано се наоѓало на тоа место.

Сепак, органските форми на јавниот тоалет се агресивни и претерано димензионирани и доминантни, што секако дека не би требало да биде улогата ниту карактеристиката на еден утилитарен објект како што е јавниот нужник. Издигнатите елементи на градбата, кои се издигнуваат на д површината на теренот, наводно имаат вентилациска улога.

Извор: аrchdaily.com

ОкоБоли главаВицФото