Подари уметност (Papergirl)

11.07.12 10:22

Проектот Papergirl започнал во Берлин како идеја на Аиша Ронигер во 2006 година. Тоа е уметнички проект преку кој со помош на велосипеди, на случајни минувачи им се подаруваат цртежи и разни други уметнички дела од хартија. Целта од една страна е поголема достапност на уметноста, а од друга страна да се направат луѓето среќни, зашто неочекуваниот подарок е најдобриот подарок.

Проектот Papergirl во последните години се рашири и во други градови. На видеото подолу може да ја погледнете групата од Ванкувер и како изгледа нивната уметничка акција. 

 

ОкоБоли главаВицФото