Фотографии од настанот „Mother is a bitch“

16.10.23 13:42

Фотографии од промоцијата на книгата за творештвото на босанска уметница Шејла Камериќ, „Mother is a bitch“, која се одржа на 9 октомври во Скопје, во Музејот на современа уметност. Настанот беше организиран од страна на КРИК - фестивал за критичка култура.

„Mother is a Bitch/Мајката е кучка“ обединува текстови и слики кои се одразуваат на повеќеслојната практика на Камериќ, следејќи ги двете главни линии во суштината на нејзиното творештво: автопортрети и текстилни дела. Овие уметнички дела се засноваат на сопствените искуства, сеќавања и соништа на Камериќ кои нѐ водат во глобалните простори на раселување и дискриминација. Тие се гледаат низ леќите на родот, трудот, миграцијата, класата и грижата, а проткаени се со испреплетени темпоралности - минатото и сегашноста. Инспирирани од écriture feminine, или „женското писмо“ на Хелен Сиксу - теорија на феминистичката филозофија која комбинира елементи на психоанализа, книжевна теорија и постапка на деконструкција - автор(к)ите на книгата ги сметаат актите на пишување како субверзија на патријархалните императиви. 

Настанот беше организиран во соработка меѓу Крик - фестивал за критичка култура и Фестивалот за феминистичка култура и акција Прво па женско.

 

 

 

Фотографии: Јелена Белиќ

ОкоБоли главаВицФото