Малиот голем Берлин

27.08.2010 13:17
Малиот голем Берлин

Апсолутен хит последниве денови на друштвените мрежи е симпатичното филмче со наслов „Little Big Berlin“, видео на германскиот филмаш кој се крие под псевдонимот Pilpop. Се работи за филм снимен со tilt-shift објективи, кои се специјализирани за снимање архитектура.

За своето дело, кое на еден исклучителен и личен начин го портретира главниот град на Германија, авторот Pilpop вели: „Му го посветив овој филм на Берлин, градот во кој живеам веќе 19 години. Иако берлинската архитектура е исклучително убава, сепак неговите жители се она што Берлин го прави единствен како град. Во секое негово ќоше можете да најдете нов интересен детаљ, а најдобриот начин за тоа да се забележи, секако, е да се сними“.

Низ звуците на рапсодијата на Франц Лист, авторот ни го прикажува своето видување на градот кој, со ваквиот начин на снимање со споменатата техника, изгледа како анимирана минијатура.

Инаку, снимањето со tilt-shift објективите, како што зборува и самиот назив, е посебно поради накосеноста (tilt) и поместувањето (shift), кои се окарактеризирани од основните можности на искосувањето на предната леќа кај ваквите објективи. Низ косината е дефиниран аголот кој рамнината на предната леќа ја затвора со рамнината на филмот. На овој начин се контролира ориентацијата на фокусната рамнина, со што се добива остра слика на еден сегмент, додека останатите делови се неостри, лесно замаглени. Истото резултира со прикази кои делуваат како снимки на макети или играчки, во чиј што во прилог одат и движењето на луѓето и автомобилите кои, поради фактот дека се работи за стоп анимација, изгледаат неверојатно во своите движења.

Извор: pogledaj.to

Fantasticno!!! Bravo!

Fantasticno!!! Bravo!

http://vimeo.com/9679622 Уште

http://vimeo.com/9679622
Уште едно видео за воодушевување - Минијатурниот Њу Јорк

ОкоБоли главаВицФото