За филмските бакнежи

02.03.2010 10:21
gone_with_the_wind.jpg

Кој е најдобриот филмски бакнеж на сите времиња? Што е тоа што го прави бесмртен филмскиот бакнеж? Дали тоа се страста, околностите, дијалогот, неочекуваноста, необичноста, еротичноста...?

Речиси и да не постои филм без бакнеж. А и каков филм би бил филмот без бакнежи? Во истиот миг кога се измислени филмската камера и филмската лента, филмаџиите посакале да ги забележат најинтимните моменти. Пред „влегувањето на возот во станицата“, прво се забележани бакнежите, а и нешто поексплицитни сцени. Нашите дедовци и баби не биле толкави пуританци колку што ни се чини денес.

Пребарувајќи низ историјата на филмот, издвоивме неколку бакнежи кои ќе останат запаметени поради својата специфичност.

 

Првиот филмски бакнеж е забележан 1896 г. во филмот со наслов „Kiss“. Штом се појавил, веднаш бил окарактеризиран како „скандалозен“ и „одвратен“, и многумина барале негово забранување. Главните актери во овој бакнеж биле Меј Ирвин и Џон Рајс, а бакнежот трае 20 секунди.

 

 

 

Филм во кој има најмногу бакнежи е „Дон Хуан“ од 1926 г. со Џон Баримор кој го глуми Дон Хуан де Марано, и две главни глумици, Естел Тејлор и Мери Астор. Дон Хуан само овие две глумици во филмот ги бакнува 127 пати, а ако на тоа ги додадеме и бакнувањата со некои статистки, доаѓаме до бројката од 191 бакнеж.

 

 

 

Првиот филм во кој се појавува бакнежот со отворена уста (т.н. француски бакнеж), како и бакнеж во хоризонтална положба, е филмот „Flesh and the Devil“ од 1926 г. со Грета Гарбо и Џон Гилберт. Прекрасната фотографија на Вилијам Даниелс, кој користел само природна светлина, уште повеќе придонела за филмската волшебност. Овој филмски пар своето бакнување во сите пози го пренел и во вистинскиот живот.

 

 

Првиот машки т.н. братски бакнеж му припаѓа на филмот „Wings“, овенчан со Оскар во 1927 г. Храбрите глумци во филмот глумат и храбри војници, па така влегоа во историјата кога Чарл Роџерс го бакна во уста Ричард Арлен.

 

 

 

Првиот лезбејски бакнеж и’ припаѓа на Марлен Дитрих и се случува во нејзиниот дебитантски американски филм „Мароко“ од 1930 г. Никој не се сеќава која е втората девојка во бакнежот. Но затоа сите се сеќаваме на останатото: Марлен ја пее „Quand L’amour“, го зема цветот од косата на младата девојка од публиката и ја прашува: „Може ли да го земам ова?“, и потоа го помирисува цветот и ја бакнува девојката во уста. По бакнежот, Марлен го фрла цветот во публиката, право во рацете на легионерот Том Браун кој го глуми Гари Купер.

 

 

 

Првиот бакнеж поради вистинска љубов доаѓа од Дизниевиот цртан филм „Снежана и седумте џуџиња“ од 1937 г.

 

 

 

 

 

 

Бакнеж како да е последен пат или барем така барала Лиза од Рик („Kiss me. Kiss me as if it were the last time“). Да биде иронијата поголема, тоа и навистина се случило. Што да се каже освен - „Казабланка“.

 

 

 

 

Фатален бакнеж кој само значел пакт со ѓаволот. Кога Валтер Неф (Фред МекМјуреј) ја бакнува фаталната Филис Дитрихсон (Барбара Стенвик), тоа е знак дека станува збор дека предговорот за убивањето на нејзиниот сопруг е успешно доведен до крај. На Неф само му останува да констатира: „Theres not going to be any slip up. Nothing sloopy, nothing weak, its got to be perfect!“ Филмот се вика „Double indemnity“.

 

 

 

Некои страсни бакнежи можат да одведат и во смрт. Тоа им се случи на Лу (Грегори Пек) и Перл (Џенифер Џонс) во филмот „Duel in the sun“ од 1946 г. Штом се виделе за првпат, нивната врска била осудена на пропаст. На самиот крај од филмот, тие и физички ќе се испоубијат. Перл со последните сили доползува до смртно ранетиот Лу и му вели: „Прегрни ме. Прегрни ме уште еднаш“. Набрзо обајцата умираат во локви крв и прашина.

 

 

Еден од најубавите бакнежи на филмското платно им припаѓа на Елизабет Тејлор и Монтгомери Клифт од филмот „А place in the sun“ од 1951 г. Љубовта меѓу богаташката и сиромашниот секогаш е осудена на пропаст, но додека трае таа е вистинската љубов. Единствен проблем е неговата бремена жена која тој ја убива, па поради тоа и го осудуваат на смрт. И пред да го одведат на електричен стол, таа му ветува: „I’ll go on loving you for as long as i live“, додека тој и’ одговара: „Love me for the time i have left. Then, forget me“.

 

 

Дури и неуспешните бакнежи можат да бидат за паметење. Познат е оној од филмот „Седум години верност“ од 1955. Том Евел се обидува да ја бакне Мерилин Монро додека заедно свират на клавир, а потоа обајцата паѓаат од столчето.

 

 

 

 

Има ли нешто поромантично од бакнежот на дожд? Само погледнете како тоа го прават Одри Хепберн и Џорџ Пепард во филмот „Појадок кај Тифани“ од 1961, па сè ќе ви биде јасно.

 

 

 

 

Бакнеж на смртта во италијански стил. Ваков бакнеж не би посакал никој. Не си многу среќен кога ќе те бакне Мајкл Корлеоне (Ал Пачино), и тоа во уста. После ова Фредо мораше сам да оди на последната вечера. Ако веќе не погодивте за кој филм станува збор, тоа е „Кум 2“ од 1974 г.

 

 

 

Постои уште еден бакнеж кој не би го препорачале никому, а тоа е оној на Клаус Кински. Не лично од него, туку оној од филмот „Носферату, вампирот“ од 1979 г. Кутрата девојка која мораше да го истрпи тоа беше Изабела Аџани.

 

 

 

Бакнеж вреден 10 милиони долари. За жал, овој износ не го добија глумците Мајкл Кејн и Кристофер Рив, туку тоа се парите кои ги изгубија продуцентите на филмот поради негативниот публицитет. Ваквите бакнежи и не беа толку пожелни во 1982 г. Филмот се вика „Deathtrap“.

 

 

 

Овој бакнеж е најверојатно сон на секој стрејт маж, бидејќи се работи за Кетрин Денев и Сузан Сарандон во филмот на Тони Скот „Глад“ од 1983 г. Овојпат немаше негативен публицитет. Овде настрада само д-р Сара Робертс (Сузан Сарандон) која беше гризната од вампирката Миријам Блејлок (Кетрин Денев).

 

За крај, два филмски бакнежа кои најмногу ќе се паметат:


 

 

 

Извор: filmski.net

A Spiderman baknezhot?

A Spiderman baknezhot?

Linux Foundation may use web

Linux Foundation may use web beacons from time to time. Such web beacons may 1z0-047 pdf be provided by Linux Foundation’s third party advertising companies to help manage and optimize Linux Foundation’s online advertising. A web beacon is a string of code that 000-086 provides a method for delivering a graphic image on a web page or in an email message for the purpose of transferring data, or determining how many times a specific web page has been viewed. Web beacons enable Linux aix dumps Foundation to recognize a browser’s cookie when a browser visits a Site, and to learn which banner ads bring users to each Site. For example, when a user visits a web page, the code for the page may include instructions to go to another server to gather a single pixel graphic image. Web beacons are not placed on a user’s computer, and users remain anonymous. To opt out of targeted advertising delivered by Linux Foundation, or third party advertisers, users can opt to use freely available ad blocking software, to prevent ads from displaying in their browser. The Linux Foundation does not promote or recommend any type of ad blocking software, nor datastage 8 certification dump guarantees that any of the Site services will remain fully functional if the user utilizes such software.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото