Референдум за предвремени парламентарни избори

24.08.2012 09:31
Референдум за предвремени парламентарни избори

Скопје, 24 август 2012 година

Граѓаните на Македонија се одлучија да излезат на референдум на кој ќе се изјаснат дали се за предвремени парламентарни избори.

Оваа информација се појави во јавноста доцна вечерва, т.е предоцна затоа што сите новинарски агенции се во длабок сон. За утрешниот ден се очекува цунами од реакции и тоа од сите страни. Граѓаните се решија да организираат референдум на кој ќе се изјаснат дали се за предвремени парламентарни избори или не. Но, тоа не е сè.

Доцна во ноќта, граѓаните беа собрани под ведрото небо за да ги договорат идните активности кои ќе ги преземат. Наслушнавме дека излезноста на референдумот ќе биде огромна и дека сите граѓани ќе се изјаснат со „да“ на поставеното прашање „дали сте за предвремени парламентарни избори?“.

- Се одлучивме на ваков чекор затоа што веќе не можеме да живееме во вакво сивило, вели еден постар граѓанин на Скопје.

- Мислењето на мнозинството граѓани е дека тие сакаат да се случат предвремените избори, но не за неколку месеци туку веднаш. Нивната одлука е јасна, тие сакаат избори, но нема да гласаат за ниту една партија, вели еден од организаторите на овие ноќни кружоци кои се иницијатори на идејата за референдум.

Овие тајни ноќни кружоци планираат радикални чекори со цел да докажат дека се сериозни во своите намери. Тие планираат да направат големи ноќни собири на сите плоштади низ Македонија, на кои во исто време ќе бидат запалени сите партиски книшки во знак на револт кон досегашната политика во државата.

Датумот на овие збиднувања не се открива за да не дојде до посериозни конфликти помеѓу граѓаните и надлежните институции.