Поспано утро

11.12.2012 10:23
Поспано утро

ПАТУВАЊЕ

Кажи ми хакеру
Колку ги сакаш твоите пасивни патувања
Колку сакаш да те пржи газот од седење
Дотека талкаш низ кибер пространствата
Колку си побогат
Колку си помалку осамен
Кажи ми хакеру
Колку те сакаат сите тие газлести девојки
Колку ги чувствуваш под прстите
Те возбудува ли тастатурата и нежното кликање со глувчето
Од глувчето до твоето глувче
Страница по страница
Кажи ми хакеру
Колку хакерки има кои сакаш да ги сретнеш
По беспаќата на интернетот?
Дали ти е важно да разбира што значи 0110001110?
Или ти е поважно да има големи гооолеми гради
И да ти каже дека вечерва те чека само тебе?


ИЗБОРИ

Од дванаесет кандидати
Распнати на листот во А4 формат
Избери еден
Или една
А потоа
Од двајцата кандидати
Плеснати на листот во А4 формат
Избери еден.
Зошто демократијата стана
Постојано стеснување на изборот?

 
ПРОМЕНИ

Студентката подготвува докторска дисертација
На возбудлива тема за денешницата
Може ли со одење на Фејсбук
Да се промени светот?
Со научни методи
Интервјуа, анализа на содржината
Анкета на репрезентативниот примерок...
За да дознае
Дека сме исти како и до сега
Само имаме поубави икони.


ПОСПАНО УТРО

Шетам така по Водникова во девет часот
Заебана, дремлива, тетерава,
Кога го гледам него
Дебел, бочвест тип, корне на пивото од вчера и ракијата од сабајлево
Со крвави очи гледа како да се пикне во трамвајот
На округлата глава носи бејзбол капа
Темносина, мрсна
А со розови букви на неа пишува „Cilest“
Се смеам под мустак
И смеата ме буди.


Јака Приморац е родена 1977 година. Живее и работи во Загреб.

Превод: Иван Шопов
Слика: Julien Pacaud

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото