Празно со остри рабови

08.06.2013 11:37
Празно со остри рабови

Не е ли тоа онаа празнина кога велиш
празно
и знаеш дека внатре нема ништо
Празна соба празен кревет празни ѕидови
па лесно е да се заклучи дека тука имало и слики
бидејќи на ѕидовите сè уште висат правилни бели квадрати
и правоаголници
Всушност би можело долго да се набројуваат празните места
во такви ситуации
Кај мене тоа е поинаку
кога си одиш целиот простор и понатаму е преполн со тебе
само во пределот на желудникот
е сосема празно
и во таа празнина виси страв
исто така правилно распореден на бели квадрати
и правоаголници
но со остри рабови
како искршен кристал

Превод: Иван Шопов
Слика: Џули Нимела

ОкоБоли главаВицФото