Публикација:„Родот и левицата“ (бесплатно преземање)

09.02.2013 14:43
Публикација:„Родот и левицата“ (бесплатно преземање)

 

Публикацијата претставува збирка текстови претставени на панел дискусиите одржани во текот на 2012 година во Домот на младината во Белград, чиишто авторки беа учеснички на трибините: Надежда Чачиновиќ, Гордана Стојаковиќ, Анкица Чакардиќ, Анџелика Милиќ, Маријана Радуловиќ и Милица Ружичиќ. Публикацијата ги опфаќа и архивските материјали и документи од архивата на Женскиот информациско-документациски тренинг центар.

Домот на младината во Белград и Женскиот информациско-документациски тренинг центар (Ženski INDOK centar), со поддршка на Фондацијата „Роза Луксембург“, во 2012 година организираа циклус предавања/дискусии на тема Родот и левицата. Овој многу посетен циклус, реализиран во текот на април, мај и јуни, имаше за цел да едуцира и да отвори нови простори за критичко мислење и преиспитување на опусите на социјалните движења, со особен акцент на феминизмот на просторите на поранешна Југославија.

„Темата за родот и левицата е запоставена и обоена со многу предрасуди и затоа претставува предизвик и извор на инспирација, а се надеваме и дека е интересен поттик за сите активсти/ки, студенти/ки, истражувачи/ки, како и за сите оние коишто се интересираат за алтернативните политики“, гласеше дел од објаснувањето за спроведувањето на проектот. Предавањата беа отворени за сите, како и за разговор и дебата.

Во текот на проектниот циклус, споментатите авторки говореа на темите „Прашањето на класата и феминизмот“, „Антифашизмот и женското движење по Втората светска војна“, „Социјализмот и феминизмит, феминизмот во социјализмот“, „Феминизмот и радикалната левица“, „Новата левица и феминистичкото движење, современи предизвици и стремежи“.

Публикацијата може бесплатно да ја преземете овде.

Извор: cks.org.rs  

ОкоБоли главаВицФото