Воени плакати на британската железница (1940-ти)

10.06.2013 09:56
Воени плакати на британската железница (1940-ти)

Во текот на Втората светска војна, во Британија преку низа кампањи со плакати се укажувало на неопходноста и важноста од учеството на земјата во војната. (Таков пример се „убедувачките“ плакати наменети за жените.)

Со таква кампања се вклучила и Британската железница, која на своите плакати истакнала дека возовите пред сè треба да се користат за снабдување на војската со неопходните ресурси. На дел од плакатите, железницата ги убедува граѓаните да не преземаат патувања кои не се навистина неопходни, затоа што секој вагон првенствено треба да се користи за потребите на војската.

Подолу може да погледнете дел од плакатите.

Извор: retronaut.com

ОкоБоли главаВицФото