3D печатење на чевли

17.06.2013 09:21
3D печатење на чевли

Чевлите направени на 3D печатач полека стануваат вистински хит во светот. Наместо боја, во печатачот се составуваат тенки делови од пластика, метал или дрво, а потоа постепено се прават футуристичките обувки.

Ескпертите тврдат дека наместо купување чевли во скапите бутици, сè повеќе дами се свртуваат кон печатење чевли со високи потпетици. Важна е само идејата, креативноста и скромното знаење на програмите за цртање.

Во компјутерскиот програм за дизајнирање ги скицирате своите чевли во 3D модел. Потоа ја мерите големината на стапалото, ја внесувате и за неколку мигови имате чевли од сонишата.

Чевлите навистина можат да се носат, но не се препорачуваат за подолг временски период. Оние што сè уште немаат храброст сами да креираат сопствен пар чевли, можат да ги побараат услугите на „компјутерските магови“, кои за тоа наплаќаат околу 900 долари.

Извор: telegraf.rs

ОкоБоли главаВицФото