Дигитални декоративни принтови на коса

29.08.2023 13:45
Дигитални декоративни принтови на коса

Како начин за проширување на проектот со цветните дизајни вткаени во облека, стилистот од Барселона, Алексис Ферер, развил метод на печатење со кој ги декорира различните фризури со богати, колоритни дезени инспирирани од „најдобрите ткаенини на француската буржоазија од XVIII век”.

Резултатот е серијата насловена La Favorite, фотографиите се на Рафаел Андреу, а дезените ги прикажуваат моделките Ема Фурман, Камила Ферејро и Патриција Ломбардо.

Алексис Ферер ги спојува мотивите во барокен стил со модерната технологија, декорирајќи ги русокосите екстензии со божури, пеперутки и птици преку дигитален процес за кој се потребни години да се развие.

Оваа актуелна итерација е проширување на проект од 2012 година во кој Ферер користел црно-бели фотографии од култните филмови The Shining и Pyscho, иако методите еволуирале со печатење со повисока дефиниција и дигитално генерирани мастила во боја.

„Морам да признаам дека првите впечатоци од принтовите на косата беа навистина голем предизвик. Беа потребни два месеци за да се добијат добри резултати со висока дефиниција... Комбинирањето на технологијата со нашето познавање на занаетот ни овозможи да ги пресоздадеме овие елегантни модели на косата“, вели Ферер во интервју за порталот Infringe.

 

Извор: https://www.thisiscolossal.com/

ОкоБоли главаВицФото