Рефлектирачки додатоци за возење велосипед

01.11.2023 14:11
Рефлектирачки додатоци за возење велосипед

Рефлектирачките додатоци во вид на штипки „Ено Виндридер” кои се прикачуваат на панталони при возење велосипед, се иновативен и шик додаток за возење велосипед. Тие се дизајнирани од Гијс Бакер и буквално им даваат крилја на вашите стапала.

Овие естетски, но истовремено и практични додатоци, со малите крилја потсетуваат на крилестите сандали на грчкиот бог Хермес (гласник на боговите). Изработени се од флуоресцентен сив ПВЦ материјал кој свети во темница за да обезбеди видливост за ноќно возење. Со нив возњето велосипед е како летање!

Од практична гледна точка, рефлектирачките штипки за велосипеди „Ено Виндридер”може брзо да се монтираат и креирани се така што една големина одговара на секого, бидејќи лентите се обложени со тенок материјал кој може неколкупати да се обвие околу ногата. Конечно, сите смели велосипедисти „по полноќ“ можат слободно да ги носат и во ноќен клуб како модни додатоци за клабинг.

Извор: https://www.designisthis.com/

Слични содржини

Мода / Технологија / Око
Мода / Технологија
Мода / Технологија

ОкоБоли главаВицФото