Outliers - чевли кои оставаат траги од животни

28.12.2013 13:30
Outliers - чевли кои оставаат траги од животни

Во рамките на проектот „Outliers“, канадскиот уметник Маскул Ласер креираше серија необични парови чевли, кои имаат примарна функција различна од сите останати обувки - да оставаат животински траги или траги од босоног човек.

Лицето кое ги носи овие чевли во една урбана средина, придонесува за тоа градот да стане уште позамрсен лавиринт, а неговите траги да бидат поинтригантни позагатливи.

Освен тоа, обувките од „Outliers“ создаваат комлексно поле на асоцијации на полето на разликите и односите меѓу луѓето и животните и односот природа-град.

До сега, трагите од „Outliers“ можеа да бидат забележани на улиците на Њујорк, Отава и Бостон.

Извор: www.dezeen.com

Слични содржини

Мода / Култура / Уметност
Книжевност / Уметност / Теорија / Историја
Графички Дизајн / Култура / Уметност
Мода / Фотографија / Уметност
Мода / Технологија

ОкоБоли главаВицФото