Облечи ме во твојата љубов

17.07.2013 11:50
Облечи ме во твојата љубов

За потребите на нејзината статија за мануфактурната заедница во Алабама со сè поголем број жени-хранители, Хана Росин минатата година зборувала со мажи и жени соочени со таквата семејна промена. Иако новата динамика е евидентна во заедницата, секој средовечен пар инсистирал дека мажот сè уште е „глава на семејството“.

Помладите генерации можеби поинаку ја гледаат промената на улогите. Шпанскиот фотограф Џон Уриарте (33) во 2009 година заврши со снимањето на серијата наречена „The Men Under the Influence“, која вклучува фотографии од мажи облечени во облека на нивните девојки. На својот блог Џулија Сабо пишува дека Уриарте ја забележал разликата во погледот на родовите меѓу неговите родители и неговата генерација, и сакал да ја претстави промената и „конфузијата низ која мажите можеби поминуваат“.

Промената е дезориентирачка. Но, не гледам конфузија на овие слики. Мажите изгледаат како да им е удобно, дури и како да им е предизвик да ја носат облеката на нивните девојки. Маркос го носи здолништето на Лусија и црните кожени чизни со самодоверба; Матијас ужива во обувките на Сара исто колку што би можела да ужива и таа. Санти и Гиљермо изгледаат како воопшто да не носат облека која не е нивна (освен, можеби, чевлите).

Мажите во приказната на Росин можеби се чувствувале изолирани поради растечкиот успех на жените, но оние од фотографиите на Уриарте изгледаат желни да го премостат секој јаз меѓу половите. Машките партнери можеби сакаат да преземат од жените не само промени што се однесуваат на модниот избор, туку и некои други аспекти од нивните современи улоги.


Карлос&Наја

 


Гиљермо&Беатриз

 


Хозе&Аинара

 


Маркос&Лусија

 


Матијас&Сара

 


Ник&Реико


Санти&Сабела


Стив&Фонлин



 

Извор: 6thfloor.blogs.nytimes.com

Слични содржини

Фотографија / Уметност
Мода / Култура / Уметност
Мода / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Живот / Култура / Уметност
Фотографија / Уметност
Фотографија / Живот / Уметност
Фотографија / Уметност
Фотографија / Уметност / Историја

ОкоБоли главаВицФото